Автор Тема: Seat Ibiza SC 6J 1.4 16V Голем Сервис  (Прочитано 6280 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Seat Ibiza SC 6J 1.4 16V Голем Сервис
« на: 07 Септември 2016, 00:54:20 am »
Автомобилот на девојкава стаса до 67000км и 6.5 Год старост па треба да му се прави голем сервис. На мене ја превзедов одговорноста да набавам делови, така да ќе ми треба мала помош од кој има повеќе искуство со делови да знам кој делови од каде да ги набавам.
Се работи за Seat Ibiza SC 6J 1.4 16V, код на мотор BXW со 67000км, од кој последниве 3 години е возена на Плин монтиран од страна на Плимонт. Колата нема никакви проблеми освен што можам да приметам дека некогаш пали потешко при прво палење. До сега не е сменето апсолутно ништо на неа освен уље, филтер за уље и филтер за воздух. Досегашните сервиси се правени во Порше, но овој најверојатно ќе се прави во приватна режија во сервисот каде што работи девојката (АМСМ).

Сакам да земам што е можно поквалитетни делови и затоа би сакал да знам за секој дел марката и ако може и име на продавница од каде што би можел да се набави.

1.    4L 5W-40 Моторно Уље, собира 3.2 но нека има резерва. Castrol или нешто друго ?
2.    Филтер за Уље
3.    Филтер за воздух
4.    Сет Ребраст Каиш
5.    ПК Ремен + ПК Затегач
6.    Водна Пумпа
7.    Свеќици (Колата се вози на плин, незнам дали заради тоа треба да се оди на друг модел свеќици?)
8.    Антифриз (ова веројатно секој од одговарачки тип ќе врши работа)

Мислам дека ова се сите делови што се потребни за голем сервис на колава. Знам дека ако барам одделно за секој дел би успеал да најдам во посебна тема но пак нема да знам што да одберам а и не пишува што од каде е купено секогаш. Особено ми е важно свеќиците, водната пумпа и сетовите на каиши и затегачи да се што е можно поквалитетни и земени од места што се со докажан квалитет на продавање на оригинални делови.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Seat Ibiza SC 6J 1.4 16V Голем Сервис
« Одговори #1 на: 07 Септември 2016, 01:30:58 am »
Kaisite slobodno odi vo mega auto parts kaj radio bran sto e posle katolicka zemi si Contitech imaat zicani se vo natre i davaat garancija dali bese 50000km taka nesto.
Jas za puntoto i cordobata pred toa od tamo pazarev..Imaat i vodni pumpi baska na povekje promet davaat i popust.

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг:
« Одговори #2 на: 07 Септември 2016, 08:25:40 am »
Сaше, кoлегa мoј инaку твoј сoгрaгaнин, пред еднa гoдинa купи Ибицa 2003 гoдинa и целoсен сервис пo мoјa препoрaкa прaвеше кaј Митревски.

 Муaбетoт ми е декa, делoвите беa нaбaвени oд стрaнa нa Митревски и кoлегaвa дoби писменa гaрaнцијa oд 2 гoдини или 80000 км зa вгрaдените делoви, штo спoред мене реткo вo кoј НЕ oвлaстен сервис ке дoбиеш писменa гaрaнцијa нa вгрaдените делoви.

Делoвите мислaм декa ги зимa oд Мегa Аутo Пaртс пa би требaлo дa се oригинaлни делoвите штo ги прoдaвaaт

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг: Seat Ibiza SC 6J 1.4 16V Голем Сервис
« Одговори #3 на: 07 Септември 2016, 09:20:23 am »
И јас се спремам за ова :D

Уље земи Motul 8100 5-40 најзадоволен до сега, исто и антифриз.
Свекици NGK кај мене се покажаа како подобри од фабричките, ама интервалот им е 30.000.
За сет мене ми препорачуваат ИНА, демек до сега немале проблеми никакви, ама во мисла сум заради пумпата, малце терсене е, има некои производители што наместо пластична перка имаат ставено метална и појачани лагери.
Види во Мега има сетови од 9000 до 12000, со повеќе пумпи.

Edit: Во Порше каиши, затегачи, пумпа и работна рака ти е 24.000. :)


Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Seat Ibiza SC 6J 1.4 16V Голем Сервис
« Одговори #4 на: 07 Септември 2016, 09:25:02 am »
Уљето ќе биде Мотул 8100 чим така само може да ми кажеш од каде го набавуваш ти? Свеќиџи исто така ако може да кажеш од кај ги зимаш за да бидам сигурен дека ќе бидат оргиналните. Ова за пумпите имаш некое инфо од кој производители се појачани со метални перки и легури или ти кажаа во мега ауто партс ?
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг: Seat Ibiza SC 6J 1.4 16V Голем Сервис
« Одговори #5 на: 07 Септември 2016, 09:33:03 am »
Рели Рејсинг кај Млечен има уље и антифриз, ако немаат Пецони ќе им однесе и за еден ден ќе е таму.

Јас НГК од Фас-Вас земав, некои викаат и Автолидер носеле, а можно е и во Рели Рејсинг да ги има.

За пумпата читав на Сеат форумиве, ама моментално не можам да најдам, во Мега би требало да знаат или по сервисиве, Митревски и слични.

Edit: изгледа пумпата е HEPU, мислам ја имаше во сетовите во Мега со Конти каиши.
« Последно менување: 07 Септември 2016, 09:41:13 am sinisa »

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Seat Ibiza SC 6J 1.4 16V Голем Сервис
« Одговори #6 на: 07 Септември 2016, 19:47:26 pm »
Фала за советите. Во Понеделник ќе гледам да поминам низ продавнициве и да прашам за делови, па и да земам некој ако ги најдам одма. Според ова изгледа ќе оди уље Motul V8100, Сет каиши Contitech, Водна пумпа Hepu и свеќици NGK. Филтри веројатно Hengst или Манн, кој ќе ги најдам тие. Ако има некој уште некое искуство, совет или што и да е нека споделува до Понеделник :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Seat Ibiza SC 6J 1.4 16V Голем Сервис
« Одговори #7 на: 07 Септември 2016, 20:52:17 pm »
NGK свеќици увезуваат Авто Лидер (неповрзани со чаирскиот Аутолидер). Истата фирма увезува и Gates ремени, кои се исто многу квалитетни. Прашај си и таму што имаат да ти понудат, и онака ќе одиш за свеќици :)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Seat Ibiza SC 6J 1.4 16V Голем Сервис
« Одговори #8 на: 07 Септември 2016, 21:00:54 pm »
Саше, јас го имам истиот мотор и до сега 2 пати го имам правено овој сервис но еднаш во Кадис и еднаш во Порше така да за сетот каиши и пумпа не би знаел да ти кажам најдобро од каде да земеш.

Свекици - менувај ги на 30к км NGK од Авто Лидер спроти Олимписки во Скопје до сега немале утка и тоа оние нормалните без никаква потреба за посебни поради плин. Веке 100к поминав со плин
Антифриз - Г12 и тоа е тоа немаш шо да се мислиш

Ако до сега не е чистена Клапната (throttle body) ти препорачувам да ја исчистиш бидејки знае да зеза кога ке и се наталожи прљавштина, не е ништо страшно ама јас ја чистам на 30к км

Друго вака не ми текнува ако ми текне ке ти пишам

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг: Seat Ibiza SC 6J 1.4 16V Голем Сервис
« Одговори #9 на: 07 Септември 2016, 22:55:59 pm »
Фала за советите. Во Понеделник ќе гледам да поминам низ продавнициве и да прашам за делови, па и да земам некој ако ги најдам одма. Според ова изгледа ќе оди уље Motul V8100, Сет каиши Contitech, Водна пумпа Hepu и свеќици NGK. Филтри веројатно Hengst или Манн, кој ќе ги најдам тие. Ако има некој уште некое искуство, совет или што и да е нека споделува до Понеделник :)

Не би требало да има грешка со изборов. :)

Сега најдов и цени што сум прашувал, Hepu пумпа со Gates каиши 10500 во Крис и Том.

Убаво ти вика MarceCvarce нека ја исчистат клапната ќе се смири моторот и свекиците што порано сменети повеќе бобините ќе траат.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Seat Ibiza SC 6J 1.4 16V Голем Сервис
« Одговори #10 на: 19 Септември 2016, 23:23:42 pm »
Се направи сервисот на Ибизата, водејќи се според советите тука и читањето по нет ставени беа следните делови:
- Сет ремени и водна пумпа Contitech, 12350 ден. со вкалкулиран 10% попуст.
- Клинаст ремен Contitech 720 денари, со вкалкулиран 10% попуст
- 4L Уље Motul X-Clеan 8100 со филтер за уље и воздух Hengst, 2900 денари.
- Свеќици NGK, 330 денари парче.
- Антифриз незнам што марка е ставен, оставено на мајсторот беше тоа.

Сите извадени делови после 67000км и скоро 7год беа во одлична состојба.

Еве неколку слики од старите делови во кутии од новите :) Новите делови не ги сликав зошто директно кај мајсторот беа однесени во брзање.









« Последно менување: 28 Септември 2016, 00:06:39 am Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Seat Ibiza SC 6J 1.4 16V Голем Сервис
« Одговори #11 на: 27 Септември 2016, 20:00:11 pm »
Да не отворам нова тема, да прашам за нова мака со Ибицата тука.

Денеска бев со Ибицата за Скопје и приметив дека на колата многу и се тресе воланот кога благо се кочи од поголеми брзини(над 80). Ваков проблем имаше и пред 1 година но тогаш ја однесовме на центрирање и проблемот скроз престана. И тогаш и сега воланот беше децентриран и стоеше малце налево па затоа мислев дека пак е истиот проблем.
Мислев дека центрирањето ќе биде пак решението па ја однесов колата до кај Авто Мето на центрирање но овој пат не помгна тоа, го исправија воланот, си стои како што треба но тресењето остана.

Тресењето се јавува само при благо притискање на кочницата е и изразито јако, дури чудно ми е како може толку да тресе. Но доколку возам 150 и наеднаш ја притиснам кочницата за нагло кочење тогаш тресењето го нема воопшто. Значи тресењето се јавува само при благо и културно кочење, дококу се употреби над 50% од кочионата сила на возилото тогаш тресењето го нема.
Знам дека логично е да се почне од дисковите, но колата има само 64000км(грешка сум бил за 4000км кога прашував за големиот сервис) и мислам дека проблемот е друго, верувамд еак ако беа криви дисковите тресењето ќе беше појако како ја притискав појако кочницата, а не обратно како што е сега.
Некое мислење да чујам ? :)
« Последно менување: 27 Септември 2016, 20:20:14 pm Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Seat Ibiza SC 6J 1.4 16V Голем Сервис
« Одговори #12 на: 27 Септември 2016, 20:50:07 pm »
Хм интересно. плочки не е менувано сигурно, назад ако е добош да се провери да не тече некое цилиндарче и да лепи при кочење, ако се слабички предни плочки да се израмнат дисковите и нови плочки.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Seat Ibiza SC 6J 1.4 16V Голем Сервис
« Одговори #13 на: 27 Септември 2016, 21:13:35 pm »
Sashe, jas go imav ostiot problem na mojata ibiza samo ne se sekavam na koja kilometraza beshe. Beshe okolu 60k km samo nr beshe vaka izrazeno. Tresenjeto beshe skooro neprimetlivo ama go imashe

Na blago sopiranje pri pomala brzina treseshe a ako kocev naglo ne se osekashe nishto. Ne mu obrrnav mn vnimanie ama na sledniot servis mi smenija diskovi sose plocki.

Od togash do sega so tie diskovi pominav 80 iljadi i problemot ne sum go imal pak

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Seat Ibiza SC 6J 1.4 16V Голем Сервис
« Одговори #14 на: 28 Септември 2016, 00:06:01 am »
Утре ќе ја однесам колата на сервис да ја проверат предницата, гледам по нетов дека честа причина за таков проблем може да бидат изедени и проширени чаури на предница, но и тоа не ми е многу веројатно зошто предницава е стегната и нема апсолутни никакви звуци ни при возење на најголеми нерамнини. После тоа оди балансирање на бандажи и рамнење на дискови(ако има што да се рамни, ако не нови) и да се надевам нешто ќе помогне. Девојкава многу слабо ја вози на автопат колата па и го нема сетено проблемов, но мора да се реши што побрзо.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA