Автор Тема: Откажување на турбина  (Прочитано 4811 пати)

Отсутен Gryffindor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Откажување на турбина
« на: 29 Август 2016, 17:00:36 pm »
Станува збор за Голф 4 од 1999 година.
Турбината му е електронска, но веќе еден месец не толку често откажува од работа. Значи, на било какво возење турбината прекине со работа и едноставно колата работи без неа, доколку ја исклучам и пак ја вклучам колата турбината си работи нормално. Ова може да се случи во било која брзина на било какви обртај.
Да напоменам дека колата е во одлична состојба, немала никаков сериозен дефект, посебно па со турбината, само еднаш е чистена и тоа пред десет месеци. има 240000 км поминато.
И, заборавив, има 90 KC, но е чипувана на 116. Чипувањето е направено поради тоа што колата не беше стартна како што јас сакав, не дека не е брза. Наместена е со перфектен баланс и за потрошувачка и за убрзување, не ми беше работата да биде брза по секоја цена. Сервисот каде што е правено чипувањето е проверен, не е правено фушерајски, ова мислам дека е битно да го напоменам...многу сум задоволен од тоа како е направено, а потрошувачката дури е помала.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #1 на: 29 Август 2016, 18:02:18 pm »
Не ти е елекронска турбината туку нормална механичка турбина со електронска контрола на притисок, а проблемот ти е најверојатно во овербуст поради чипот

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #2 на: 29 Август 2016, 18:14:01 pm »
Deka proveren servis. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #3 на: 29 Август 2016, 18:29:59 pm »
Станува збор за Голф 4 од 1999 година.
Турбината му е електронска, но веќе еден месец не толку често откажува од работа. Значи, на било какво возење турбината прекине со работа и едноставно колата работи без неа, доколку ја исклучам и пак ја вклучам колата турбината си работи нормално.



На четворка ја пушташ турбината?

;D



Отсутен Gryffindor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #4 на: 29 Август 2016, 20:11:39 pm »
Не ти е елекронска турбината туку нормална механичка турбина со електронска контрола на притисок, а проблемот ти е најверојатно во овербуст поради чипот
I toa kako moze da se sredi..reprogramiranje?

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #5 на: 29 Август 2016, 21:19:43 pm »
Треба да ја закачиш на компјутер да се виде што дава кога ќе исклуче турбото, а најдобро е ако имаш можност таму дека ти е чипувана да ја откараш.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Gryffindor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #6 на: 29 Август 2016, 21:37:32 pm »
Треба да ја закачиш на компјутер да се виде што дава кога ќе исклуче турбото, а најдобро е ако имаш можност таму дека ти е чипувана да ја откараш.
Epa sea koga go cekam da otkaze za da ja odnesam takva na servis..ne otkazuva..nego sakav da cuam deka moze da e do nesto drugo..a ne od cipot

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #7 на: 29 Август 2016, 21:42:44 pm »
Јас не велам дека е од чипот, него некој сензор цревце тоа да се провери, а грешката е сигурно зачувана на колата, затоа да се провери.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #8 на: 29 Август 2016, 21:44:28 pm »
Грешката е 100% Overboost, а колата влегува во Limp Mode.
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #9 на: 29 Август 2016, 22:01:31 pm »
Да ама претходно не му е правило така, после чипувањето, а и тоа би требало да биде ако го гази само, а не и со нормално возење.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #10 на: 30 Август 2016, 09:28:44 am »
Овербуст па лимп. Најверојатно заради чипот но не мора да значи. Сервисот за чипот нека ја среди.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #11 на: 30 Август 2016, 12:07:25 pm »

Сервисот каде што е правено чипувањето е проверен, не е правено фушерајски, ова мислам дека е битно да го напоменам...многу сум задоволен од тоа како е направено, а потрошувачката дури е помала.

Ако е чипована прави overboost и уклучува limp mode.

Не е rocket science.

Очигледно е фушерајски сервис чим ти е во Limp mode.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #12 на: 30 Август 2016, 12:52:06 pm »
Ретко кој мајстор знае да дијагнозира и поправи овербуст од прва.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Gryffindor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #13 на: 30 Август 2016, 14:49:08 pm »
Значи вака,
Откако ја чипував колата ја испробав и се беше океј..после ден два отидов на одмор. Додека возев натаму и кога се враќав ова се случуваше доста често. Кога си дојдов ја однесов на сервис и дијагнозата беше скинат диктон на легер систем или како и да се викаше..не сум сигурен за името. Откако се смени диктонот, еве веќе две три недели се поминати турбото откажа двапати. Сега ја чекам пак да направи така за право да ја однесам на сервис и никако да откаже. Значи на добро газење, на млитаво возење никако не сака да откаже. Сега значи колата оди супер и убрзување и се турбото одлично си работи и звукот му е супер. Еден ми кажа турбото се запушува поради тоа што TDI моторите сакаат да смениш брзина барем на 2500 обртај, а јас сум менувал на 2000. Јас мислам дека ова не е точно поради тоа што ако турбото е запушено ќе биде запушено цело време, а не вака.
Значи во сервисерот има доста искуство со чипување па и со други работи..сите понови коли што се се прават кај него, барем кога станува збор за електрониката.
Сега гледав на интернет поточно на YouTube и гледам дека Limp mode оправуваат така што ги прегледуваат сите црева и гледаат дали има дупнато некаде или што и да е...како е тоа поврзано со чипувањето? И ако прави Overboost нема ли да го прави тоа почесто, а не двапати во три недели?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #14 на: 30 Август 2016, 14:56:03 pm »
Чипување не е само ставање на друга мапа и „пут под ноге“. За успешно чипување ЗАДОЛЖИТЕЛНО колата мора да помине на dyno и да се испеглаат нерамномерностите кои кај секој мотор се различни.