На барање на публиката, а и малку слободно време, конечно, да го преставам Голфчето. Некои веќе го препознаваат по бандажот, некои веќе седнале во него, некои го полирале, ама еве сега јавно да се појави пред сите.
Дами и господа, д Голф:
Кога искочи од салон, не изгледаше вака, ама благодарение на МВР, кои ми ја одзедоја возачката дозвола на 3 месеци, од пуста тага и голема заштеда на пари во тој период поради возење велосипед, доби мало пролепшавање и шминкање.
Почна со нови бандажи и гуми, овојпат 17ки, а зимските ке се возат на фабричките 16ки. Гумите и бандажот се купени пред месец дена и легнаа одлично.
Бандажот е OZ Italia 150 Matt Dark Graphite Diamond Cut (WTF!!!) a гумите се Michelin Pilot Sport 4.
Во прилог се сликите од како тоа (добро) изгледа.
Тука би сакал и да се "заблагодарам" на копилето што ни ги искасапи гумите на неколку коли пред зграда, па сакал/неќел, морав да купам нови.
Природно, после бандаж оди затемнување на стакла, со фолии од Van Johnson, одлични фолии, све се види, сунце се не види.
И за крај (засега), Голфчето доби и еден третман кај Даме, на форумов и помеѓу народот познат и како Даме. Комплет, хемиско, полирање и кремичка заштита. Презадоволен од резултатот.
И да не заборавам, утринава си доби и пресна налепница, мислам дека е од тие со 7 коња
Бонус слики:
П.С. Се шпекулира дека ке добие и нови спирали и спуштање, али во моментов малку ме истроши, сепак само 3 месеци се возев со точак, така да ке почека малку. Дотогаш може да добие пластидип на беџовите, ако успеам да најдам пластидип, по ѓаволите.
П.П.С. Незнам дали е битно, али стар е 3 години и некој месец, 2.0 ТДИ, блумоушн, купен во Порше, опрема стандард, мењач (со 6 брзини плус рикверц!!!), тркала, прозори на дугме, касетофон, еден куп други дугмиња... абе најфул на најцел свет, имајте го ова наум кога ке го продавам