Ај претстави се прво како што е редот па ќе праиме муабет
Без навреда, ама не би требало да си даваш толкава слобода, и на тој начин да пречекаш некого. Без разлика дали му е прв пост, или 1001, човекот има проблем, и дошол тука веројатно пошто разбрал дека може тука да најде одговор за неговиот проблем.
здраво на сите!
вака сега имам дачиа логан 16мпи. 8в.на плин/ имам проблем при возење ми гасне то ест се губи гасот мртов и на бензин и на плин кога ја возам истото го прави туку наеднаш ќе го изгуби гасот и гасне,некогаш после од кога ќе угасне пали од прва некогаш не вергла како пресисана,ќе го извадим цревото да истече бензинот што е во цревото па после ќе запали. дали е можно да влегува воздух во цревото што оди на дизните(тоа е на гумици и гумиците не се баш добри) и тоа да прави проблем?
Здраво јовицате!
Ако одиме по редослед, би требало прво да ја претставиш колата во гаража, односно, во форумот „Возила на членови“.
Како и да е, пошто имаш некој проблем со возилото, претпоставувам дека некој ти го сугерирал КарКлуб како место каде би можел да најдеш одговор, или барем да добиеш помош во врска со твојот проблем.
Со оглед на тоа што немаме друга Дачија меѓу клаберите, а твојата има и вградено плински уред, би ти препорачал за помош/совет/решение да се обратиш кај нашите официјални пријатели на форумот:
-
Плимонт http://www.carclub.mk/index.php/board,29.0.html-
НОВУС http://www.carclub.mk/index.php/board,32.0.htmlСе надевам дека ќе најдеш решение за твојот проблем.
Поздрав.