Автор Тема: Rent a Car  (Прочитано 11788 пати)

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Rent a Car
« Одговори #15 на: 23 Август 2016, 15:34:58 pm »
Интересен податок е што доколку сакаш да земеш рент а кар возачот МОРА да има кредитна картичка, не примат ниту кеш ниту дебитна картичка, само кредитна картичка ЗАДОЛЖИТЕЛНО

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Rent a Car
« Одговори #16 на: 23 Август 2016, 17:19:32 pm »
А со дефект како иде работава? Што ако ти се расипе? Што ако се водиш по тоа ,,не е мое'' и му ебеш мамата?

Не знам за коли, ама моторче Априлиа одамна пред неколку години изнајмив на 4 дена во Грција, ми се расипа вториот ден неќеше никако да запали, нормално го возев не го силував,  го викнав тој дојде си го зема тоа и ми даде друго исто. Ништо не рече.
Poso toa.rabotev vo grcija nekolku meseci ke ti kazam deka za defekt ne se naplaka nisto,ama za osteta naplakaa debelo.Konkretno dvajca Italijani padnaa so motorot i go ostetija malku(prednata plastika skrsena,farot i rackata edna skrsena),jas gi zedov delovite od prodavnica i bea.vkupno 90e.Na decata im naplatija 700e.osteta,pa posle.toa.koga gi nosev so kolata na aerodrom mi vikaa za tie pari 5 motorcinja ke im donesevme od Italija.Inaku motorot bese Piaggo Zip.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Rent a Car
« Одговори #17 на: 23 Август 2016, 17:53:42 pm »
Си плаќаш осигурување кога ја земаш колата. И ако го имаш тоа платено рецимо 10 еур на ден, нема да ти наплатат ништо ако ја пернеш некаде колата. Нели?

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Rent a Car
« Одговори #18 на: 23 Август 2016, 20:49:27 pm »
Штознам како е, ама ја дупат со кредитната, значи ЗАДОЛЖИТЕЛНО КРЕДИТНА, не може дебитна, само кредитна и тоа скоро на сите компании... И сега поради нив треба да отворам кредитна и дали вооооооопшто, како што ги знам овие ж'тите работат БЕЗ СТРЕС и не верувам дека воопшто ке дојде до 2ри Септември, купен е аражманот на 3ти.... сеа тражам да најдам некоја опција без таа ебана кредитна картичка, жената она се разбира во тие книговодителски глупости, постое шанса со станбено осигурување, утре ке се јавеме и ке прашаме. надевам се ке се среде, пошто ке одеме со хендикеп количка и ни треба кола, макар и некоја мала како Хундаи И10, Форд Фиеста, ке спуштам задните седишта и ке се собере количката, нели?

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Rent a Car
« Одговори #19 на: 23 Август 2016, 20:53:07 pm »
Ќе ја собере бе, точак голем собира со спуштени седишта. А и таа количка ваљда се собира, може и без да ги спуштиш да ја собере само ќе ја извадиш полицата таа горе.

Иначе ако бараат кредитна види друга компанија, не мора таа. Глупост ми е тоа, они така бараат за утре задутре ако се деси нешто да ти влечат пари од картица за штетата. Ќе те врзат. Батали ги таму.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Rent a Car
« Одговори #20 на: 23 Август 2016, 22:49:43 pm »
еве и од мое искуство, пред некој ден земавме од мкд цитроен ц-елис, стар 5-6 месеци, за некои си 2,5 недели ни земаа 30 еур на ден со зелен картон и неограничен број км, плус 250 еур депозит, колата е каско ама депозитот го бараат пошто има франшиза на толку пари, така да ако ја потчукнеш или закачиш, депозитот ти го задржуваат, ако нема ништо ти го враќаат, потполно истото искуство, само еднаш без депозит во турција пошто беше фул каско не бараа. така да прво барајте за тоа што ви треба, дали локал само, дали за странство и неограничен бр. на км, со каско без франшиза е најдобра варијанта.
ова со кредитните го бараат во западноевропски земји ради сигурност, мој совет да побараш други понуди ако воопшто има, барај помали агенции, избегни ги брендовите.
п.с. боље дочукај ја, ако веќе има штета да биде преку депозитот ака иншуранс, за да оди на каско и обавезно записник од полицај и останато.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Rent a Car
« Одговори #21 на: 24 Август 2016, 08:51:03 am »
Кај мене проблемот е што ке одам на Мајорка, мал остров и нема многу компании, се надевам денес ке средам преку домашно осигурување, имало некаква си финта...

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Rent a Car
« Одговори #22 на: 24 Август 2016, 10:11:35 am »
http://www.economycarrentals.com/CarSelection3.aspx?a=1D6E92&b=1D95F2&d=202&c=202&e=755&f=755&g=455552&h=455552&j=40&k=8&l=25&m=869&n=1&o=0&p=01&q=0&r=12&t=62&s=0&u=25&v=3VhXH8pcsvpo1Nr%2bpwfeUiAMfqmMawQnrwPTeLAuRSH7BvHZXAwB44O40sDM5o%2blu8k29XOzIpLyeum1fofZhuSKQdmbZVHxkTjgBFrLbsWbYD1oe8scLg7thD3eXiPgQ9UPndcqxgE73bSv3MDrXnExisrrsKtM&l02=12;62;202&l50=4

според ова излегува помалку од 100 еур за една недела и колку што можев на блиц да видам се е вклучено и можеш со било каква картичка да платиш

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Rent a Car
« Одговори #23 на: 24 Август 2016, 11:20:52 am »
оваа страна само ти дава предлог од фирми, значи ова ти е како придузимач, кога одеш на лице место да ја земеш колата, фирмата ти рече треба депозит преку кредитна, а ти си веќе букал преку оваа страна и се бунеш, на крај ти речат не букај од таа страна букај преку нашта страна. така пишувале луѓе што искусиле, не еден човек, повеќе луѓе искусиле, така да не ми се ризикува со овакви фирми

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Rent a Car
« Одговори #24 на: 21 Октомври 2016, 11:05:23 am »

од аеродром и враќање на аеродром Александар Македонски, не е лоша цената. некој да каже збор/два за компанијата или да предложи алтернатива?
https://macedoniarentacar.com.mk/

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Rent a Car
« Одговори #25 на: 21 Октомври 2016, 13:33:42 pm »
Цената е одлична. Компанијата би требало да е океј. Јас имам позитивно искуство со рентање кола од Мида Рентакар за пријатели странци, исто со подигање и враќање на аеродром, ама цената не ми текнува.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Rent a Car
« Одговори #26 на: 21 Октомври 2016, 15:26:41 pm »
Ја најдов нивната веб страна и проверив многу поскапо изеле, нема преголем избор и тоа е нешто минимално мала кола

http://www.rentacarinmacedonia.com/

Отсутен UpGo

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Rent a Car
« Одговори #27 на: 21 Ноември 2016, 20:58:55 pm »
Dokolku sakate evtin avtomobil eve link za rent a car www.rentacarupandgo.com ili javete se na 078 66 22 99 ;D

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Rent a Car
« Одговори #28 на: 21 Ноември 2016, 21:35:11 pm »


Ова е цена за од ден нели, една недела 140евра би му било?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Rent a Car
« Одговори #29 на: 21 Ноември 2016, 22:10:38 pm »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ова е цена за од ден нели, една недела 140евра би му било?

Тоа ти е цена за еден ден, ако ја изнајмиш колата повеќе од 7 денови.