Денес стигнаа страничните лепенки, и топчето за мењачот.
Лепенките стигнаа со инструкција за лепење.
Е сега, незнам колку можам преку слика да доловам какви се лепенките, ама во живо се гледа дека имаат текстура, имам пишано дека се од винил.
Нареден месец најверојатно ќе нарачам лепенки и за багажникот, уште една карактеристика на кец GTI.



Еве слики и од топчето, истото може да се комбинира со четири различни украси, јас ќе го ставам логото Wolfsburg Edition.
Одлично лежи во рака, ама краен коментар кога ќе се намести на колата и ќе се употребува.






Логото ќе се залепи откога ќе се намести топчето, за да не случајно се центрира лошо.
Истото стигна и со сет на четири пластичиња кои според упатството, се местат во зависност од дијаметарот на самата рачка/шалтерот во колата.
Се гледа на сликата, 8мм, 10, 12 и 14мм.

И сет на штрафчиња и инбус.
