Празниците, ладно време и снеговите си го направија своето, па мораше да се паузира.
На сликава не се гледа многу, ама наместен е плафонот, утре ќе објавам и други слики од поблиску.

Инаку, направив мала промена од тоа што претходно имав замислено, задните стубови (кај багажникот), наместо да се прекријат со плафонот целосно, делумно се само прекриени со истиот, а поголем дел остана гол за да се гледа бојата.
Поубаво ми изгледа така, не го затвора целосно ентериерот.
Предните стубови цели облечени, а стубовите во средината се облечени до таму кај што се рачките за патници.