Автор Тема: VW Golf MK1 1981  (Прочитано 135842 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #15 на: 24 Август 2016, 19:16:04 pm »
Btw, барам шалтабла како на сликата, мојата е од другиот тип, иако е во одлична состојба и без пукнатини, некако оваа повеке ми се допаѓа.
Ако некој има за продавање или познава некој што продава, пишете. Tnx :)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Чим си решен за бојата, тоа е тоа :)

А ова со шалт таблата малку тешко кај нас. На времето беше тешко да се најде, сега уште потешко.

Истата влегува и во кабрио, ако успееш да најдеш.

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #16 на: 24 Август 2016, 19:23:13 pm »
Btw, барам шалтабла како на сликата, мојата е од другиот тип, иако е во одлична состојба и без пукнатини, некако оваа повеке ми се допаѓа.
Ако некој има за продавање или познава некој што продава, пишете. Tnx :)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Чим си решен за бојата, тоа е тоа :)

А ова со шалт таблата малку тешко кај нас. На времето беше тешко да се најде, сега уште потешко.

Истата влегува и во кабрио, ако успееш да најдеш.

Знам, барам веке некое време, најдов неколку ама повекето не беа здрави, или прекршени или изгниени.
Барам да најдам некоја барем структурно да е здрава, не е проблем ако треба да се претапацира.

Јас сум можеби еден од ретките на форумов што те поддржува во изборот за боја, затоа што преку Тасета ми е дојдено од избор на боја која што повеќе дречи и се забележува.

Имам уште еден предлог за таква дискретна боја, која за среќа е OEM производ на VW па нема да бегаш од групацијата:

Blue Graphite Metallic, баш денес во живо ја видов бојата и за жал, нема слики на интернет кои ја доловуваат. Каде што удира директно сонце е плава како на сликата, каде што не удира е многу темно сива, или како што кажува името, графитна. Многу перверзна боја. :)

Кодовите кои ги најдов се следниве:
LC5F, W9, W9W9   Blaugraphit Pearl/Blue Graphite Pearl

Благодарам за подршката!
Инаку, прва идеја за боја ми беше токму некоја таква нијанса на сина боја, а оваа е стварно перверзија (ако е таа што ја најдов на нет, според код и името на бојата).

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #17 на: 24 Август 2016, 20:08:04 pm »
Таа е, кодовите иако Гугл ги избаци и може да се грешни, името и е тоа. Сепак треба да видиш Голф или Џета во таа боја во живо за да ја доловиш, или да им идеш во Порше и да ти покажат каталог од минатата генерација на Голф, мк6.

Како и да е, само напред во плановите. Иако сум VW хејтер, nut&bolt реставрација е нешто кое уживам да следам. :)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #18 на: 24 Август 2016, 23:27:10 pm »
Ова ќе биде интересно возило...

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #19 на: 31 Август 2016, 22:05:55 pm »
Еве еден мал апдејт...заден лев полумесец поради претходно оштетување што настанало некојпат, ке се менува од причина што не било направено како што треба, набавен е нов лев полумесец, ке следуваат слики откога ке се среди.

« Последно менување: 14 Септември 2016, 00:07:45 am Lhasa Green »

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #20 на: 01 Септември 2016, 00:29:50 am »
Браво браво! Уживам кога гледам дека се повеќе се прават реставрации на голф мк1 :)

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #21 на: 02 Септември 2016, 20:29:24 pm »
По кратка потрага, денес купив централна конзола, комплетна и сите мерачи се исправни.



Btw, најдена е и шалт табла каква што барав, има малце работа по неа но е здрава, најверојатно ке ја носам на претапацирање за да се потсреди што е можно подобро.
« Последно менување: 14 Септември 2016, 00:08:31 am Lhasa Green »

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #22 на: 12 Септември 2016, 01:21:42 am »
Слушам биле набавени нови крила, хауба, задна врата?

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #23 на: 12 Септември 2016, 01:31:56 am »
Последниве слики не се гледаат  :-\
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #24 на: 12 Септември 2016, 01:59:16 am »
ставај ги сликите на некоја страна како postimage.org бидејки од фб ги снемува по некое време

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #25 на: 12 Септември 2016, 02:58:38 am »
imgur.com, проверено.

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #26 на: 12 Септември 2016, 10:19:00 am »
imgur.com, проверено.

Деновиве сите слики од почеток ке ги обновам, читав и јас дека на imgur.com е најдобро да се качуваат сликите прво.

ставај ги сликите на некоја страна како postimage.org бидејки од фб ги снемува по некое време

Ќе бидат обновени сликите, се извинувам поради техничките проблеми.   :)

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #27 на: 12 Септември 2016, 10:20:13 am »
Слушам биле набавени нови крила, хауба, задна врата?

Да да, така е :D Набавена нова хауба, нови крила (нови, не половни), половна врата од багажник :D

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #28 на: 12 Септември 2016, 10:24:43 am »
Од деловите што скоро ги земав деновиве ке објавам слики, како што претходно во коментар спомнав, купени се нова хауба, нови крила, половна врата од багажник, инструмент табла со обртометар (таква барав некое време), и шалт табла каква што барав.

Старите крила и хауба одат во аут, хаубата беше прекршена а крилата имаа покажано рѓа на вообичаени места, не беше нешто што неможе да се направи, ама кога се прави колата, да се направи како што треба.

Btw, вратата од багажник е со брисач, што мислите, да остане брисачот или да се вади? :)
Мене некако добро ми изгледа, па ке видиме.

Отсутен DzOle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 381
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #29 на: 12 Септември 2016, 17:01:48 pm »

Btw, вратата од багажник е со брисач, што мислите, да остане брисачот или да се вади? :)
Мене некако добро ми изгледа, па ке видиме.

Јас сум да остане :D


Noo New Model Cars...I'm Riding Old SchoOl !!!