Автор Тема: VW Golf MK1 1981  (Прочитано 135836 пати)

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
VW Golf MK1 1981
« на: 23 Август 2016, 00:17:16 am »
Здраво дечки, да го претставам моето возило. Golf MK1 произведен 1981 година.
Поклон од брат ми за роденден, па набрзо откако ја добив колата почнаа и плановите како ќе се средува.
Првите планови беа да се задржи оригиналниот мотор, да се среди каросериски и некој добар бандаж.
Ама, 1.3 како 1.3, 4 брзини...не иде.  :)
Па така се смени планот и еве што моментално имам набавено за колата:
-1.8 8v Digifant 2 мотор со 107кс (комплет со инсталација, компјутер)
-Recaro ентериер (предни и задни седишта) од Golf 2
-Vogtland амортизери со спирали (нови)
-Нови браници, нови штопови, нови жмигавци во преден браник, нови пластични венци на полумесеци (комплет 4)
-Деновиве треба да стигне ново воланче Nardi Competition, комплет знакчиња GTI за напред и позади
-Дефлектори на предни стубови (на предна шофершајбна)
-Хромирана лајсна на предна маска
-Бандажи Zender Sport 15 инчи, 7 цола
-GTI ретровизори
-и доста други ситници.

Моментално колата се средува лимариски (има минимално за крпење) па ке се фарба.









Во продолжение неколку слики од некои делови што се набавени за колата и слики откако се расклопи колата:













Еве неколку слики од колата:











И како е колата моментално:

















За крај, еве ја бојата што ке се фарба колата:



Единствена разлика со оваа слика и како треба да изгледа е во бандажите, еве слика како изгледа Zender-от на Golf 1:



Секој коментар од типот на мислење, идеи, предлози, е добредојден.
Прилично е одлучено како ке изгледа колата на крај, се оди на GTI изглед со сите детали кои ги поседува истото.

Редовно ке има update за сите нови делови кои тек треба да се купуваат и ми фалат, и се разбира нови слики од припрема за фарбање во скоро време.  :)
« Последно менување: 14 Септември 2016, 00:05:14 am Lhasa Green »

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #1 на: 23 Август 2016, 00:24:11 am »
1-Ziti boga nemoj taa boja molimte kje upropastis se..
2-Ekstra planovi i delcinja si kompletiral so srekja vo proektot.
3-Sozdravje da si go vozis golfceto i mnogu kilometri dasi pomines so nego.

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #2 на: 23 Август 2016, 00:26:43 am »
Jас сакам да прашам Кога ке биде готов жолтко да има друштво и бандажите црни ли ке бидат мафиjашки ?

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #3 на: 23 Август 2016, 00:27:07 am »
Браво, баш ми е мило кога се да речам реставрира колата и ти очигледно знаеш што сакаш и мислам дека треба да одеш до крај со твоите идеи, сепак за себе си ја шминкаш, мене ме интересира ако не е тајна која би изнесувала крајната сума на пари што ке се даде за крајниот резултат и дали има некои мајстори што го прават тоа, нешто како да речеме Балкански ПимпМајРајд

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #4 на: 23 Август 2016, 00:42:34 am »
Браво, баш ми е мило кога се да речам реставрира колата и ти очигледно знаеш што сакаш и мислам дека треба да одеш до крај со твоите идеи, сепак за себе си ја шминкаш, мене ме интересира ако не е тајна која би изнесувала крајната сума на пари што ке се даде за крајниот резултат и дали има некои мајстори што го прават тоа, нешто како да речеме Балкански ПимпМајРајд

Сума сега за сега нема да спомнувам, деловите што се набавени се повеќето нови а и тие што се половни не се ефтини.
Може откако ќе се заврши целосно проектот да направам крајна сума :D
А мајстори има, зависи колку си решен да платиш, улога игра и какви материјали ќе се користат во подготовката за фарбање и самата фарба.

1-Ziti boga nemoj taa boja molimte kje upropastis se..
2-Ekstra planovi i delcinja si kompletiral so srekja vo proektot.
3-Sozdravje da si go vozis golfceto i mnogu kilometri dasi pomines so nego.

Фала.
Бојата според мене е личен вкус, ако за нешто сум 100% одлучен тоа е бојата.

Jас сакам да прашам Кога ке биде готов жолтко да има друштво и бандажите црни ли ке бидат мафиjашки ?

Дарио, жутко ке има друштво у брзо време, The Rim Doctor рече ке бидат розеви Hello Kitty тема (со мачиња со се) :D

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #5 на: 23 Август 2016, 00:55:40 am »
Ајде нека е Среќен роденденот :D со здравје да ја возиш колата.

П.С. дужен си кругчиња откако ќе се заврши колата ко Грчка ;D

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #6 на: 23 Август 2016, 00:57:18 am »
Ајде нека е Среќен роденденот :D со здравје да ја возиш колата.

П.С. дужен си кругчиња откако ќе се заврши колата ко Грчка ;D

Фала :D
Договорено, ќе те повозам колку сакаш :D

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #7 на: 23 Август 2016, 14:49:36 pm »
Добредојде земјаку, убав здрав голф имаш за средување.

Кај кој мајстор ќе го фарбаш?

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #8 на: 23 Август 2016, 15:19:05 pm »
Ајде и тука брате мк1 со здравје да си го реставрираш, се множиме добро е, само напред!!!

Отсутен DzOle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 381
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #9 на: 23 Август 2016, 16:39:34 pm »
Со здравје да си го реставрираш,се зголемува бројката на добро средени единици :D


Noo New Model Cars...I'm Riding Old SchoOl !!!

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #10 на: 24 Август 2016, 18:02:26 pm »
Пристигна и ново знакче за на багажник, во комбинација има исто со Golf GTI во сребрена боја, на крај ке се види кое подобро ке одговара на колата.

« Последно менување: 14 Септември 2016, 00:06:56 am Lhasa Green »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #11 на: 24 Август 2016, 18:25:52 pm »
Знам дека дури и никот на форумов ти е како бојата :) ама мислам дека е лоша боја за проектов.

Иако почитувам фабрички бои.

Останатото ти е супер! Само напред!

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #12 на: 24 Август 2016, 18:45:45 pm »
Знам дека дури и никот на форумов ти е како бојата :) ама мислам дека е лоша боја за проектов.

Иако почитувам фабрички бои.

Останатото ти е супер! Само напред!

Благодарам! :)
Да, тоа е името на бојата. Знам дека има други бои кои проверено му одговараат на Голф кец, ама пак ке кажам, бојата е личен избор и се работи за личен вкус. Мислам дека добро ке му легне, ама останува да видеме како ке испадне на крај. :)

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #13 на: 24 Август 2016, 18:51:22 pm »
Btw, барам шалтабла како на сликата, мојата е од другиот тип, иако е во одлична состојба и без пукнатини, некако оваа повеке ми се допаѓа.
Ако некој има за продавање или познава некој што продава, пишете. Tnx :)


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: VW Golf MK1 1981
« Одговори #14 на: 24 Август 2016, 19:10:06 pm »
Јас сум можеби еден од ретките на форумов што те поддржува во изборот за боја, затоа што преку Тасета ми е дојдено од избор на боја која што повеќе дречи и се забележува.

Имам уште еден предлог за таква дискретна боја, која за среќа е OEM производ на VW па нема да бегаш од групацијата:

Blue Graphite Metallic, баш денес во живо ја видов бојата и за жал, нема слики на интернет кои ја доловуваат. Каде што удира директно сонце е плава како на сликата, каде што не удира е многу темно сива, или како што кажува името, графитна. Многу перверзна боја. :)

Кодовите кои ги најдов се следниве:
LC5F, W9, W9W9   Blaugraphit Pearl/Blue Graphite Pearl