Би било јако
Во прв план ми беше со тројката да одам за Австрија, меѓутоа од страна доста ми сугерираат дека ке имам проблем, поготово во Австрија, со висината на возилото наводно, или тоа што имам "aftermarket" фарови, жмигавци во браник.
Дали некој е запознаен со ова, и дали постои тема на форумов за ова? Доколку нема, баш предлагам да се отвори таква тема.
@Админ тим, инфо кога можете
Ќе повторам дека ние кога бевме имаше многу коли и многу луѓе. Имаше и
многу полиција, ама тие беа таму од аспект на безбедност, не од аспект на технички преглед. Сите, ама баш сите коли што беа таму беа некако модифицирани, и сигурен сум дека немале атест за сите можни модификации.
Јас не би се замарал. Worthersee е огромен настан, глобално-познат. Свесни се и локалните џандари дека тие неколку дека ќе има секакви коли, и генерално не праат проблеми ако не пробаш некако „да се истканеш“ со правење некоја глупост.
Едит: Еве случка - на влез во Reifnitz (таму каде што се главните дешавки, и таму за каде се плаќа неколкудневна влезница) има полиција. Влегов, бидејќи имавме влезница и прашувам еден џандар - може да се паркирам на тротоар. Одговорот беше - ако не ти е страв да не ти закачи колата, слободно.
Сакам да кажам, ако они фатат да се замараат со 30-тина илјади коли да ги проверуваат.. Ехееее...
Ако одиш до Wörthersee преку планинскиот превој (а не преку Караванки тунелот) во Австрија ќе поминеш се на се 50 километри. Сите преправки ако се атестирани и впишани во сообраќајната, нема да имаш проблем. Ако не се, имаш проблем ако те запрат.
Во секој случај ќе те проверат на граница.
Има контрола? Ние кога одевме (низ Караванки) немаше.