Јас само би пишал за одржувањето.
Задниот трап не си во право дека му е мана на овие коли.
Повеќе страна предницата, на нашите прекрасни патишта.
За да ја средиш комплет ќе те фати 500-600евра.
Нормално ако е се за менување.
Иначе имаш делови за овие колку сакаш. Половни, нови.
Мајстор исто така имаме одличен.
Се согласувам.
Задниот трап нема никаков проблем.
Предницата е друг муабет.
Што се однесува до 1.9JTDm мотор, повеќе би одел на 8V мотор него ли на 16V.
8V речиси да немаат смрт. Не дека 16V се лоши ама се имаат покажано како поосетливи мотори, особено на поголема километража.
Ако земеш 16V треба да ги затвориш едни лептири
како што се прави на BMW-ата и да бидиш рает.
Во основа 1.9JTD (8/16V) се мотори кои немаат смрт. Поминуваат и по 1 000 000км без проблем. Не ги користи само Алфа и Фиат, туку и Опел, Сааб, Кадилак.
Голф 4... е сеа што да ти кажам
стар модел, ако не си над 50 години не те личи во тоа чудо
Голф 5, според мене е најдобриот ГоЉф. Неколку пати се имам возено и баш ми е онака таман. Знам дека многу вложија од VW да биде добар модел.
Само по можност гледај да го избегниш 2.0TDI моторот, особено од 2006 година бидејќи беше фаличен. 1.9TDI ако успееш да најдеш (макар и тој со 105 коња) мислам дека ти е полн погодок.