Ама вакви проекти се научна фантастика во Македонија.
„Народот по мудата се познава“. Знаеш како викаат, difficult times require drastic measures.
Во принцип повеќе промени треба да одат заедно во пакет. Јас мислам дека би требало во пакет да оди:
- воведување на казни и даноци за загадување
- бесплатни проверки на штетност на издувни гасови
- субвенционирани поправки на возилата за намалување на загадувања
- откуп на старите возила што загадуваат и субвенционирање на купување на мали и малолитражни возила со ниска потрошувачка и загадување
- подобрување на јавниот превоз, со повеќе и поразновидни форми на транспорт
Па не мора секој да има кола. Во западна европа повеќе луѓе немаат коли. Овде секој сака со кола да оди од почеток до крај на партизанска. Дома децата гладни ќе си ги остави ама ќе купи дизел со 1.000.000 поминати километри. Тоа мора да се регулира и забрани.
Јасно е дека не е лесно и ќе наиде на отпор. Но оваа не-држава ако сака да стане држава мора ЈАКО да се стисне на повеќе полиња. Мора да се помине тешкиот дел за да се дојде до лесниот.