Автор Тема: Еко данок  (Прочитано 3481 пати)

Отсутен NikolaG

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Еко данок
« на: 10 Август 2016, 11:39:45 am »
Дали некој нешто чул за некаков можен Еко данок што би се вовел набрзо во Македонија?
Сега се вратив од Винер да земам осигурување за да регистрирам колата, и ми бараа податоци како што гориво користи, каква боја е колата и сл. пошто така им рекле (не знам кој), и вработената ми кажа дека е сигурна дека тоа го бараат за да воведат Еко данок. Не знае точно, ама претпоставува дека е за тоа. Као демек за дизел коли данокот ќе бил.

Некој муабет има ваков или тропам?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Еко данок
« Одговори #1 на: 10 Август 2016, 11:50:47 am »
Прв пат слушам, ама не ме чуди. Мада мислам дека пред избори нема да си го дозволат ова. 90% од луѓето возат дизел. Ако ги швкрнат со додатни трошоци ќе си го намалат рејтингот и нема да сакаат да ризикуваат.

Отсутен NikolaG

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Еко данок
« Одговори #2 на: 10 Август 2016, 12:11:50 pm »
Проблем ли е после избори да го направат тоа, како честитка што ги избрале (ако ги изберат).

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Еко данок
« Одговори #3 на: 10 Август 2016, 12:22:15 pm »
Не сакам да мешам политика во темава, ама ако ги изберат, се што ќе ни прават, сами сме си криви.

Потполно заслужено!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Еко данок
« Одговори #4 на: 10 Август 2016, 12:37:49 pm »
Потребен е таков данок и повисоки казни за возилата кои загадуваат.
Ми се смачи да затворам прозорци на скоро секој семафор. Ама под услов со парите од даноците да финансираат мобилни екипи за проверка на издувни гасови, а не да градат споменици или да си ги ставаат во џеб.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Еко данок
« Одговори #6 на: 10 Август 2016, 12:48:14 pm »
Потребен е таков данок и повисоки казни за возилата кои загадуваат.
Ми се смачи да затворам прозорци на скоро секој семафор. Ама под услов со парите од даноците да финансираат мобилни екипи за проверка на издувни гасови, а не да градат споменици или да си ги ставаат во џеб.

Точно, треба...ама како што кажа ти, да се инвестира каде треба.

Плаќаме регистрации, фондови за одржување на патишта, на крај пак земаат кредити, и си зема Грујо 20 милиони евра рушвет.


Отсутен NikolaG

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Еко данок
« Одговори #7 на: 10 Август 2016, 15:09:14 pm »
Потребен е таков данок и повисоки казни за возилата кои загадуваат.
Ми се смачи да затворам прозорци на скоро секој семафор. Ама под услов со парите од даноците да финансираат мобилни екипи за проверка на издувни гасови, а не да градат споменици или да си ги ставаат во џеб.

На место ти е муабетот. Ја радо би сакал како во Амстердам сите да возиме коли со минимална загадувачка и коли на струја, па да ни биде чист воздухот како таму (иако таму и морето има улога со ветриштата), ама иди купи толку скапа кола со 200-300 евра просечна плата. Наместо тоа морам да возам кола стара 15 години, за која пак кога ја купив пред 2 години морав да одвојам 2000 евра.

Уште бољи предлог, секој што му загадува колата (а тоа е со повеќе од пола од колите), да биде задолжен да купи садници (од одредена вредност колку што би бил данокот пример) и да ги сади секоја година некаде како општествена обврска. У никој случај не ми е сеедно ако треба пари да дадам на државата коишто знам дека ќе ги проголта црна дупка без разлика кој е на власт. Ама вакви проекти се научна фантастика во Македонија.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Еко данок
« Одговори #8 на: 10 Август 2016, 15:19:30 pm »
Минимална загадувачка не се постигнува само со нови возила. Туку со инсталирање на плински уреди во стари возила.

34та минута
http://wheelerdealers.xyz/media/S5/S05E07E08.mp4?_=3

ЦО се намали од 7 на 2.3 (3.5 е законски дозволено кај нив кога се снимало)
ХЦ се намали од 3000 на 130

Толку.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Еко данок
« Одговори #9 на: 10 Август 2016, 15:27:19 pm »
Ама вакви проекти се научна фантастика во Македонија.

„Народот по мудата се познава“. Знаеш како викаат, difficult times require drastic measures.
Во принцип повеќе промени треба да одат заедно во пакет. Јас мислам дека би требало во пакет да оди:
- воведување на казни и даноци за загадување
- бесплатни проверки на штетност на издувни гасови
- субвенционирани поправки на возилата за намалување на загадувања
- откуп на старите возила што загадуваат и субвенционирање на купување на мали и малолитражни возила со ниска потрошувачка и загадување
- подобрување на јавниот превоз, со повеќе и поразновидни форми на транспорт

Па не мора секој да има кола. Во западна европа повеќе луѓе немаат коли. Овде секој сака со кола да оди од почеток до крај на партизанска. Дома децата гладни ќе си ги остави ама ќе купи дизел со 1.000.000 поминати километри. Тоа мора да се регулира и забрани.

Јасно е дека не е лесно и ќе наиде на отпор. Но оваа не-држава ако сака да стане држава мора ЈАКО да се стисне на повеќе полиња. Мора да се помине тешкиот дел за да се дојде до лесниот.

Отсутен NikolaG

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Еко данок
« Одговори #10 на: 10 Август 2016, 15:30:30 pm »
Се што не е само „Дај пари“, е ОК предлог. Инаку, се знае дека е само ради реда и ради собирање пари.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8848
Одг: Еко данок
« Одговори #11 на: 10 Август 2016, 15:31:00 pm »
таман си е данокот, до скоро дозволуваа увоз на се и сешто и се оп, даноче за загадување, на здравје

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #12 на: 10 Август 2016, 15:37:15 pm »
Пичка ви материна, гази баба и аеродром се отруени секој ден сред лето они еко данок ќе правеле. Све решивте па дојде ред за еко данокот крвта да ви ја изнаебам.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8614
  • Пичлеме
Одг: Еко данок
« Одговори #13 на: 10 Август 2016, 15:42:38 pm »
Ми го зеде зборот...

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1908
Одг: Еко данок
« Одговори #14 на: 10 Август 2016, 15:44:37 pm »
На апликацијата за издавање на АО (иста е за сите осигурителни куќи) потребно е да се внесе марка, модел, тип на гориво и боја за да може да се продолжи понатака со издавање на полиса, бидејќи системот овие информации не ги зачувува.

Баш и не верувам на тој муабет за еко данок што ти го кажала вработената, бар сигурно сега пред избори нема да си прават такви екскурзии.