Автор Тема: Сервис Long Life за Ауди ТДИ  (Прочитано 4918 пати)

Отсутен AudiQ5

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Сервис Long Life за Ауди ТДИ
« на: 02 Август 2016, 16:18:28 pm »
Здраво, одамна немам пишано на форумов и имам едно специфично прашање кое се надевам некој ќе може да ми го одговори.

Дали некој има искуство со овластениот сервис на Ауди во Скопје и дали нудат сервис Long life oil, со Кастрол Еџ Титаниум 5-30 чиј сервисен интервал е 30.000 км.

Ова е стандарен пакет на Ауди за З. Европа меѓутоа мислам дека го нема во секоја земја и на страната на Ауди МК не пишува ништо.

Или најдобро е да се оди до Грција и таму да се направи сервисот?

Исто така имам и еден сет ДВД-а кои би требало да се инсталираат позади, дали во Ауди би се нафатиле да го направат тоа (имаат ли искуство впрочем) или подобро е да се бара специјалист за ова?

Голем поздрав

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг:
« Одговори #1 на: 02 Август 2016, 16:22:57 pm »
Kaj nas ne se praktikuvaat tolku golemi servisni intervali. Glavno poradi kvalitetot na gorivo, okolinata itn itn

Sent from my COOLPAD 8297W using Tapatalk


Отсутен AudiQ5

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Сервис Long Life за Ауди ТДИ
« Одговори #2 на: 02 Август 2016, 16:25:59 pm »
Прашањето ми беше дали Ауди Скопје ја нуди Лонг Лајф сервис опцијата или мора да се оди до Грција?

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Сервис Long Life за Ауди ТДИ
« Одговори #3 на: 02 Август 2016, 16:50:22 pm »
Незнам што мислиш под Long life oil.
Секое синтетичко масло според спецификации е со време на промена од 20 000км до 30 000км или 1-2 години и такво се става во овластените сервиси. Проблемот е во тоа што  не е препорачливо да се прави промена на толкав интервал, поради тоа што маслото ги губи својствата.
Не знам како е во ауди, ама доколку во гаранцијата ти пише сервис на секои 30 000км и решиш да го правиш во тој интервал, додека ја севисираш колата кај нив ке немаш никакви проблеми со гаранција и со моторот додека ти трае гаранцијата т.е. колата најмогу да почне да ти троши масло до толеранцијата за тој мотор.
Што се однесува после истекот на гарантниот рок или поточно после извозувањето на километрите предвитени под гаранција, тогаш ке ги остетиш вистинските проблеми од предолгото не менување на масло.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54951
  • Махер
Одг:
« Одговори #4 на: 02 Август 2016, 16:56:11 pm »
Повеќе е за големи километражи тој сервис. Ако правиш 100к годишно да не одиш 6 пати на сервис туку 3.

Отсутен AudiQ5

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Сервис Long Life за Ауди ТДИ
« Одговори #5 на: 02 Август 2016, 16:57:48 pm »
Незнам што мислиш под Long life oil.
Секое синтетичко масло според спецификации е со време на промена од 20 000км до 30 000км или 1-2 години и такво се става во овластените сервиси. Проблемот е во тоа што  не е препорачливо да се прави промена на толкав интервал, поради тоа што маслото ги губи својствата.
Не знам како е во ауди, ама доколку во гаранцијата ти пише сервис на секои 30 000км и решиш да го правиш во тој интервал, додека ја севисираш колата кај нив ке немаш никакви проблеми со гаранција и со моторот додека ти трае гаранцијата т.е. колата најмогу да почне да ти троши масло до толеранцијата за тој мотор.
Што се однесува после истекот на гарантниот рок или поточно после извозувањето на километрите предвитени под гаранција, тогаш ке ги остетиш вистинските проблеми од предолгото не менување на масло.

Кај Ауди постојат 2 типа на сервиси, нормален и Long Life Service. Ако возилото се одржува според Лонг Лајф Сервисот тогаш не може да се направи обичен сервис, мора да има 1 сервис измеѓу за да се прилагоди компјутерот и типот на масло (исто така за започнување на Лонг Лајф Сервис не може од еднаш)

Кастрол Еџ на пример е сертифициран до 60.000 км а Ауди/Порше го препорачуваат да се замени на 30.000. Мислам дека премногу мудруваме кога ќе речеме дека 30.000 км е предолг интервал кога зборуваме за различни масла и мотори денес отколку пред 10-15 години. Вака одржувани возила веќе имаат поминато по 200-300 илјади километри како и било кое друго сервисирано возило со обично масло.

Не ми е поентата дали е подобро или не, сакам да знам дали Ауди Скопје го нудат овој Лонг Лајф сервис или мора да се оди до Грција? Бидејќи моето возило е сервисирано според овој тип на сервис и сакам да го продолжам.

Отсутен AudiQ5

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Сервис Long Life за Ауди ТДИ
« Одговори #6 на: 02 Август 2016, 16:58:28 pm »
Повеќе е за големи километражи тој сервис. Ако правиш 100к годишно да не одиш 6 пати на сервис туку 3.

Прашањето ми е дали Ауди Скопје го нуди овој сервис или не? А не дали е добар или не ;D

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг:
« Одговори #7 на: 02 Август 2016, 17:00:33 pm »
Toa i ti go kazuvam kaj nas intervalite za site proizvoditeli se na pola skrateni

Sent from my COOLPAD 8297W using Tapatalk


Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Сервис Long Life за Ауди ТДИ
« Одговори #8 на: 02 Август 2016, 18:41:27 pm »
Другарче не ти јасни поимите. не е битно како ќе се сетира бордот дали нормал или лонглајф. Ако сакаш лонглајф сервис купи си 507 масло и вози го во рангот 30.000-50.000км односно колку што препорачува ауди за твојот мотор. Пумпа дизна моторитре се сервисираат на 50.000 км. Поновите комон реил мислам на 30.000км.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 788
Одг: Сервис Long Life за Ауди ТДИ
« Одговори #9 на: 03 Август 2016, 13:51:14 pm »
јас возам Castrol Edge 5w-30 LL3 504 507 купено од германија, ама планирам на 15000 да го сменувам или еднаш годишно. Горивото овде е за никаде, а официјалниве сервиси исто масло тураат и сервисен интервал им е исто на 15000. Немам слушнато овде од официјалниве на 30000 да дозволат или LongLife сервис. Ама и според маслата, препорачано е на 30к да сменуваш само ако возиш долги релации и не го оптеретуваш моторот, пример возиш нонстоп по автопат да речиме со 2000-2500 обртаи. А ако возиш низ град, јаки стартови, тоа 15к е накај многу :D
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #10 на: 03 Август 2016, 14:01:46 pm »
Кај нас нема лонг лајф зашто повеќе ќаруваат на кратките сервиси и ништо друго.

Отсутен AudiQ5

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Сервис Long Life за Ауди ТДИ
« Одговори #11 на: 03 Август 2016, 14:10:00 pm »
јас возам Castrol Edge 5w-30 LL3 504 507 купено од германија, ама планирам на 15000 да го сменувам или еднаш годишно. Горивото овде е за никаде, а официјалниве сервиси исто масло тураат и сервисен интервал им е исто на 15000. Немам слушнато овде од официјалниве на 30000 да дозволат или LongLife сервис. Ама и според маслата, препорачано е на 30к да сменуваш само ако возиш долги релации и не го оптеретуваш моторот, пример возиш нонстоп по автопат да речиме со 2000-2500 обртаи. А ако возиш низ град, јаки стартови, тоа 15к е накај многу :D

Тоа е истото масло кое што Ауди го препорачува и сервисниот интервал е 30.000 км (маслото е сертифицирано за 60.000)

Во поновите Ауди мотори компјутерот соодветно со маслото ја проверува вискозноста и покажува уште колку км има до смена на маслото. 30.000 се максимални, ако возилото се вози побрзо и тој лонг лајф интервал ќе побара да се смени порано него 30.000.

Она што ме чуди е следново, Ауди.ком.мк во делот на сервис не пишува дека нудат Лонг Лајф, а додека Ауди.гр на пример како и на другите страни на Ауди (германска итн) покажува Лонг Лајф сервис до 30.000 км.


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13839
Одг: Сервис Long Life за Ауди ТДИ
« Одговори #12 на: 03 Август 2016, 14:12:02 pm »
Јас користам во Зафирата GM Dexos 2.
Во спецификација стои:

GM-LL-B-025
Special GM approval for long-life engine oil for diesel engines. Viscosity is SAE 5W-40. Product meets ACEA A3/B3/B4. Drain interval can be as long as 50 000 kms. Recommended for vehicles built before MY2011.

Убаво кажа nikola_bb. Немаме ние такво гориво кое ги задоволува строгите критериуми во З.Европа, т.е. имаме ама само на некои пумпи (магистрални кои се по интернационална контрола), ама ретко кога ставаме гориво на такви пумпи.

Јас менувам масло на секои 10-12 000км. За 2000 денари и 300 денари работна работа, не му ја мислам ич.


Така што не си играј со таква банална работа како промена на масло.

Отсутен AudiQ5

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Сервис Long Life за Ауди ТДИ
« Одговори #13 на: 03 Август 2016, 14:12:35 pm »
Кај нас нема лонг лајф зашто повеќе ќаруваат на кратките сервиси и ништо друго.

Разбарав на форумов и најдов неколку мислења каде луѓе добиле во Порше Македонија Лонг Лајф масло од тубички (а не од фамозните буриња на БисОил) што ме прави да мислам дека иако постои во Македонија не го рекламираат како Лонг Лајф туку донеле одлука да го менуваат на 10-15 илјади.

Ќе се јавам директно во Порше или одам до Грција, ако евентуално нешто подобра услуга таму да нудат, ама не сум најсигурен.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13839
Одг: Сервис Long Life за Ауди ТДИ
« Одговори #14 на: 03 Август 2016, 14:13:34 pm »
Ако толку сакаш Long Life оди во Грција, направи си сервис таму.