Автор Тема: Совети/искуства околу проблем со работење под мали обртаи ?  (Прочитано 1818 пати)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6728
  • French diamond
Вака имам еден проблем и ај да споделите некој некакво искуство или знаење било што, да пробаме да откријаме што можи да е пред да ја носам на мајстор и ако испадни тоа во што се сомневам сакам дома да го средам поквалитено од колку на мајстор... јас се сомневам во регулаторот за под мала туража или она tortle body/клапна или што и да е.

Овие се симптомите

- нерамномерно работење под мала туража, обртаите варираат, некогаш работи на над 1000 рмп, а некогаш е пред гаснење
- трокирање при мали обртаи (до 2 500 рпм),нагоре се е како што треба, најчесто дури е ладна
- детонации низ ауспух(пув,пув,пув ;D ) при слегвање на удолница без туража до 1500 - 1700 рпм, во  прва брзина се најгласни... над тие обртаи детонациите ги сменува
- исто детонации и при менвање од повисока во помала брзина при отпуштање на кумпугот
- нагло сецкање при пуштање на туражата, значи возам 10-20 км/х со минимална гас и при пуштање на гаста колата силно сецнува истото го прави и при притискање на туражата
- ретко знае да сецни еднаш и на повисоки брзини и обртаи

Тие се симптомите... не му е прв пат, само претходниот пат кога се деси вака се опрај сама од себе и не успеав на најдам до што е...секогаш кога ќе почнат да играат обртаите под мала туража се јавуваат овие симптоми.

Мислење ?




Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Свеќиците ок се ? Каблите да не се нешто.. ?  На астрата истите симптоми ги имаше.. променивме свеќици, џабе.. кабли ставивме нови силиконски и се оправи..

Отсутен vlatko05

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
  • k24a3
Многу работи се во игра тука. Прво дали ти свети check engine?  Ако да проверија на компјутер која е грешката па така ќе те насочи кон проблемот. Може да се повеќе работи: свеќици, кабли, бобина, потскинато вакумско цревце, MAF или МАР сензор, ламбда сонда, па можи и клапната...

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6728
  • French diamond
Дали можи со ова да се послужам за чистење на клапната и моторчето за под мала туража,ако е адитив ? Со четка за заби да ги истријам ?


Отсутен vlatko05

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
  • k24a3
Јас ја чистев клапната на Астрата кај мене со WD40. Ама ја извадив комплет со се куќиште за да се исчисти детално од двете страни.
Еве како изгледаше то.. http://forum.carclub.mk/index.php/topic,20204.0.html
Инаку немој да ја туркаш со рака механички клапната ако ти е електронски поврзана. Ќе си напрајш беља :) Ако е со сајла можи.