Автор Тема: Мислења/совети/помош за нова кола  (Прочитано 17299 пати)

Отсутен astrophel83

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #15 на: 22 Јули 2016, 13:56:15 pm »
Гледај да избегнеш доплата за навигација ако мораш. Мислам дека доплата за навигација испод 1200-1300 евра нема да ти стигне. Тие пари вложи ги во нешто друго од опрема. Навигацијата лесно се решава, за 200 евра ќе си купиш солиден гармин уред за навигација и раат си, доколку можеш да живееш со фактот што нема да е фабричка навигација која е на мултифункционалниот дисплеј туку на помало уредче залепено на предното стакло.  Доколку гарминот или на него друг сличен уред ти боде во очи и не сакаш каблови да ти се маткаат низ кола можеш да си вградиш смарт мултимедиа систем со вградена навигација, блутут и остали курци-палци кој чини окол 500 евра што е доста поефтино од фабричката за која мора да доплатиш солена цена.  

Чисто за споредба кога го земав голфот прашав колку би ме чинело доплата за навигација и во Порше ми кажаа сум аод 2000 евра. Не се нормални.
Што се однесува до изборот што и да земеш знај дека ти ќе си го возиш и битно е тебе да ти прави ќеф, без разлика што ќе речат другите. Прашање на време е кога советите од колегите клабери ќе се претворат во лични желби т.е фрустрации.

Со среќа во изборот и со здравје да си брмчиш што и да избереш.

И јас обично го претпочитам најефтиното радио што пушта мп3 и има USB или SD картица. Не гледам потреба од 6 или 8 инча радио, или пак да забележам некоја разлика околу нив. Ирелевантно ми е. А камо ли да кошта куп пари.

Моментот со мобилна навигација од типот на гармин, ми е што ќе си седнам на компјутер и ќе си гледам и истражувам за местото кое одам, и ќе ги додадам сите места во кои сакам да отидам на навигацијата во favourites. И за ова време не седам во кола, туку дома на компјутер. И во кола само си кликам на плажата која сум ја внел, и одам таму кога сум во колата.

Предноста на фабричката навигација е што немора да се секираш за вадење и ставање и крадење. Друга предност нема.

А 5 инча, или 6 инча или 8 инча апла па нема никаква врска, барем за мене. Многу поважно ми е ако веќе давам куфери со пари за некој инч поголем екран да дадам за корисни работи како седишта/ксенон/затемнети прозори/поголем дизел/вуфер/караван/сензори отколку за некој инч дисплеј. Дисплејот би бил последното нешто што би надградил на кола.

+1 за кажаново Дени.

Предноста на фабричката навигација е што немора да се секираш за вадење и ставање и крадење. Друга предност нема.

Јас и тоа не го сметам за предност. Гарминот или друг уред за навигација кога не го користиш го ставаш у футрола и буташ у ранец или кај жена ти у торба  ;D. Чак и да ми стои во кола ставен во фиока или гепек ако ми ја обијат колата гарминот ќе ми биде најмал проблем.

Ми се допаѓа муабетов за навигацијата. Некои гармини имаат и бесплатно ажурирање на карти до навек - или додека да пропадне фирмата. За овие фабричкиве не знам како стојат работите.
Знаењето е сила, знаењето е моќ! Ама не е важно што знаеш, туку кого знаеш!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #16 на: 22 Јули 2016, 13:57:35 pm »
Точно, Андроид Ауто или Apple CarPlay се убава работа.

Мене кај Пасат многу голем впечаток ми остави дигиталниот дисплеј наместо класичните инструменти. Многу интересно и практично. За жал се нуди во комбинација со централна навигација, па кошта брдо пари..

--

Обично фабричките навигации добиваат апдејти барем 10-тина години по завршување на производство на моделот.


Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #17 на: 22 Јули 2016, 14:06:51 pm »
8 години ти се загарантирани, а после тоа пазарот решава.

За пасат до 2002 Teleatlas DX најновите се 2014, мапа за една земја со главни патишта за западна еу на цд кошта 79 еур, а за балкан нема ништо

Отсутен astrophel83

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #18 на: 22 Јули 2016, 14:09:34 pm »
Според мене подобра опција од фабричка навигација е корирстење на андроид телефон(таблет) со андроид ауто апликација.
Треба да се провери дали за подршка на колата се наплаќа.
https://www.android.com/auto/opel/
https://www.android.com/auto/volkswagen/
https://www.android.com/auto/

И ова е добро. Бесплатна е апликацијава?
Знаењето е сила, знаењето е моќ! Ама не е важно што знаеш, туку кого знаеш!

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг:
« Одговори #19 на: 22 Јули 2016, 14:59:24 pm »
Апликацијата е бесплатна, ама за да можеш да ја користиш треба колата да ја подржува или да имаш радио кое ќе ја поджува

Sent from my Lenovo P90 using Tapatalk


Отсутен martinmax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 168
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #20 на: 23 Јули 2016, 18:00:14 pm »
Здраво дечки,

Да не отварам нова тема, бидејќи се работи за слична тематика. Разгледувам нови коли (седан) до околу 16к. Се решив да барам турбо бензин бидејќи ми е повеќе за низ град и поминувам годишно околу 5 000 км.

Генерално дилемата е на  Фокус со 1.0 (125кс) титаниум или Октавија со 1.0 (115кс) стајл.

Мислење, предлог?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #21 на: 23 Јули 2016, 18:09:25 pm »
Овој фокус има сериозни компромиси во поглед на архитектурата и распоредот на просторот во колата. Иако е навистина добро возило нема доволно голем багажник ниту пак место на задната клупа.

За споредба Фокус седан е со 420 литри багажен простор, додека Октавијата има 590 литри.

Заради оваа неосмисленост неможам да речам дека сакам Фокус да земам, ниту да ти препорачам.

Отсутен martinmax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 168
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #22 на: 23 Јули 2016, 18:10:57 pm »
Багажниот простор не ми игра апсолутно никаква улога во изборот, и не сум го земал во обзир воопшто

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #23 на: 23 Јули 2016, 18:21:07 pm »
Новиот меган  колку пари е? Види таму таман нов модел е
http://www.carclub.mk/2016/07/12/renault-ja-kompletira-megane-linijata-pretstaven-megane-sedan/
« Последно менување: 23 Јули 2016, 18:26:17 pm brm brm »

Отсутен martinmax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 168
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #24 на: 23 Јули 2016, 23:44:38 pm »
Новиот меган  колку пари е? Види таму таман нов модел е
http://www.carclub.mk/2016/07/12/renault-ja-kompletira-megane-linijata-pretstaven-megane-sedan/

Сега за сега сеуште го нема во продажба, барем кај нас

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #25 на: 24 Јули 2016, 01:37:52 am »
Завчера го претставија така да, ќе го почекаме малце за да стигне, и уште малце за да има поприфатлива цена.

Ѕирни Корола што има да понуди, мислам некои акции дека имаше сеа...
Фиат Типо е исто интересен модел.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 172
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #26 на: 24 Јули 2016, 14:03:19 pm »
Значи, дечкото не сака џип па отпаѓаат тигуан, спортејџ, Тусонот. За 25000 еври бирај помеѓу суперб, Мондео и најкласа од сите Пасатот.
Не знам каква е издржливоста на Фордот имаше доста поплаки за претходниот модел со моторот. Пијанофинишот исто така лесно се греби, тач дисплејот иако е Сони е доста полош, има голем лаг, ама пак на изглед е најлично мондеото. Маздата е скапа небаре Мерцедес купуваш. Јас би ти препорачал вака:
Пасат
Мондео
Суперб
Инсигниата, 508ката и ц5 се стари модели и не дека се лоши коли ама за парите има доста подобри.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #27 на: 24 Јули 2016, 14:07:31 pm »
Eden izbor za tie pari - SUPERB vo sina boja!
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #28 на: 24 Јули 2016, 14:24:57 pm »
Значи, дечкото не сака џип па отпаѓаат тигуан, спортејџ, Тусонот. За 25000 еври бирај помеѓу суперб, Мондео и најкласа од сите Пасатот.
Не знам каква е издржливоста на Фордот имаше доста поплаки за претходниот модел со моторот. Пијанофинишот исто така лесно се греби, тач дисплејот иако е Сони е доста полош, има голем лаг, ама пак на изглед е најлично мондеото. Маздата е скапа небаре Мерцедес купуваш. Јас би ти препорачал вака:
Пасат
Мондео
Суперб
Инсигниата, 508ката и ц5 се стари модели и не дека се лоши коли ама за парите има доста подобри.
Солиден избор.

С5 со хидрактив и ден денес е феноменална кола. Строго со хидрактив. Има и ц5 крос тирер што е фантазија. Инсигнијата исто е пристојна. 508 не, повози па ќе видиш зошто не. Нивоа под лидерите во класата.

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 172
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #29 на: 25 Јули 2016, 12:28:13 pm »
Да хидрактив суспензијата прави огромна разлика во комфорот. Не сум возел инсигниата, но и никогаш не ме привлекувала, купе линијата ја прави неприфатливо мала позади во однос на класата што и припаѓа. Во што е толку посебна во однос на пасат и Мондео како главни ривали?
Се надевам дека новата ќе биде во стил на сегашната астра со предни светла од монза концептот