bitno e kade se denes so kvalitet, prodazba, rejsing itn itn... nikade! i skoda gi pomina u site segmenti.
Ги нема никаде?
Со квалитет се на исто ниво со Фолксваген, беа презентирани тука податоците од TUV за ниво на расипливост, никаква разлика во квалитетот.
Со продажба се на трето место зад Фолксваген, во одредени сегменти царувајки со конкуренцијата многу години зад нив, пред недела дена некој ги постираше бројките. Тоа што имале идиотска реклама е маргинално важно затоа што и покрај немањето на пропаганда како Фолксваген пак ќе се купуваат како алва и пак нивните технички решенија ќе се користат од многу други брендови и ќе се произведуваат на сите континенти. Во рејсинг ги нема исто како и многу други брендови па никому ништо.
Шкода ги поминала во сите сегменти?
Како прво Шкода е многу години зад Опел во развојот ако земеме во предвид дека Шкода нема свои мотори, нема свои менувачи, нема свои платформи, нема свои подвозја... се и е сервирано и пак е далеку зад Опел во research and development и општо во продажба.
Не заборавај дека уште десетици години Фолксваген ќе користи патентирани производи од Опел а не обратно.
Запрашај се каде би бил Фолксваген да не постои
https://en.wikipedia.org/wiki/Volkswagen_Law да ги штити и да им ги чисти гомната што ги прават низ целиот свет. Замисли, измислен е Закон за заштита на Фолксваген. Да го имаше истиот за Опел, Фолксваген немаше да постои денес а камо ли да се споредува со Опел.
Стратро, освен Даимлер-бенз и Алфа ромео, кажи мо кој друг бренд има приближно историја колку Опел?