Да се споредува VW&OPEL особено во Германија е како да прашаш кој прст и е поомилен.
Двата брендови ја моторизираа Германија во 50-тите и 60-тите. Тука нешто и Форд беше,ама овие два беа доминантни.
Не само таму, и кај нас беше истата ситуација. Сите возеа Буби, Кадети и Рекорди во 60-тите и 70-тите.
После тоа почнаа да се увезуваат Мерцедесите (115-ки и 123-ки-, BMW-ата (E21) ...
Опел е во сопственот на GM (Америте) уште од 1928 година ако не се лажам.
Нешто што беше скандалозно во Втора светска војна. GM работеше и за германската армија преку Опел (пример Opel Blitz) и за америчката армија (пример Jeep).
Воено профитерство.