Дачијата не е лоша опција, мада таа од 8000 евра ја нема а несакаат ни да ја донесат, 8.800 е најефтината. Не дека е многу, ама сакам помала кола што ќе троши помалку, у понеделник се договорив да идам до Аутомотив да видам што ќе понудат, спомнаа некое Твинго ама ќе видиме.
АП, Мии и Сити го се одлични возила, имаме три Мии на работа, ама се прескапи и несакам да молам во порше, вака на прв муабет повеќе сакаа да ме откачат отколку да понудат ако имаат нешто.
Имаат они една 108 ца за која бев ептен загреан бидејќи знам дека ја откупија за под 4000 евра ама кога ми опукаа цена од 6.500 евра ептен изгубив интерес за било што од таму. Мада ќе идам службено деновиве па ќе видам што ќе кажат.