Автор Тема: Airbag  (Прочитано 4350 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Airbag
« на: 19 Октомври 2011, 16:40:13 pm »
Ме итересира дали воздушните перничиња (airbag) треба да се тестираат за нивната исправнност ако возилото е во поодминати години. Ако треба, тогаш после колку километри или години. Посочете каде има мајстор, колку би чинело тестирањето и т.н.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Airbag
« Одговори #1 на: 19 Октомври 2011, 16:51:47 pm »
Ме итересира дали воздушните перничиња (airbag) треба да се тестираат за нивната исправнност ако возилото е во поодминати години. Ако треба, тогаш после колку километри или години. Посочете каде има мајстор, колку би чинело тестирањето и т.н.
До сега не сум чул дека некој тестира ваква постапка. Претпоставувам дека ако го тестираш перничето дали ќе се отвори дека го уништуваш па така мораш да купиш ново...
Така да не верувам дека постои мајстор за оваа работа туку само ново перниче или нов волан или слично.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Airbag
« Одговори #2 на: 19 Октомври 2011, 16:52:52 pm »
Мислам дека не постои начин да тестираш ербег. Осим можда да се збрцаш у зид со брзина поголема од потребната (тоест, поголема од 0).

Мајстор може да ти провери дали електрониката е во ред. А самиот ербег, тешко.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Airbag
« Одговори #3 на: 19 Октомври 2011, 17:18:35 pm »
И јас го споделувам мислењето со вас, ама ме збуни една работа тоа што во фиоката во кола кај мене има залепено фабричко ливче на кое пишува airbag и има година и месец. Најверојатно тоа е за обележување на датумот кога е проверен еирбегот односно електрониката.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Airbag
« Одговори #4 на: 19 Октомври 2011, 18:42:46 pm »
Airbag во никој случај не се тестира, на FifthGear имаше еден тест земаа кола од раните 90-ти и ја учукаа во ѕид да видат дали ќе работат и за чудо си работеа без проблем како што требаат.
Иначе контролната единица што е за Airbag ако има некаков проблем ќе ти светне сијаличката на инструмент таблата, тогаш значи дека уредот нешто не функционира (т.е. дека нема да пукне перничето поради некоја причина).

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Airbag
« Одговори #5 на: 19 Октомври 2011, 19:47:35 pm »
Нема што да тестираш.Системот е направен самотестирачки и секоја предвидена неисправност ќе ја сигнализира со сијаличка.Друго е колкав е векот на експлозивнта ампула, дали експлозивната смеса во неа старее, но сигурно е предвиделе за нормален век на користење на возилото, веројатно рачунаќи ги податоците од нивните земји, а не кај нас.

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Airbag
« Одговори #6 на: 19 Октомври 2011, 23:01:05 pm »
Кај мене на вратата пишува нешто за аирбегот кај мене SRS пишува, и ми пишува нешто 10 години од кога е произведена, а што е како е незнам, мислам пишуваше нешто за проверка во овластен сервис и тн.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Airbag
« Одговори #7 на: 20 Октомври 2011, 01:23:07 am »
Нема што да тестираш.Системот е направен самотестирачки и секоја предвидена неисправност ќе ја сигнализира со сијаличка.Друго е колкав е векот на експлозивнта ампула, дали експлозивната смеса во неа старее, но сигурно е предвиделе за нормален век на користење на возилото, веројатно рачунаќи ги податоците од нивните земји, а не кај нас.
Значи да си се придржуваме на сијаличката. Не дај боже, додека не дојде моментот ние неможеме да знаеме дали ке работи еирбегот или не. Истото му се деси на Тоше на Туарегот.

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Airbag
« Одговори #8 на: 20 Октомври 2011, 01:32:01 am »
Бог да го прости Тоше и тоа све, ама на таа брзина со која фркнал Туарегот во камионот, не прави разлика дали ќе се отвори ербегот или не. Сепак е тоа тука да помогне колку што може, не е чудотворец... ЕуроНКАП тестовите ги прави при брзина од 60 км/ч (50 или 60, не ми текнуе), па се дешаваат чуда од производители од кои веројатно не би очекувале... Е сеа, ADAC направи свое тестирање на Renault Laguna (пошто нели Рено беа меѓу првите со по 5 ѕвездички), ама при брзина од 80 км/ч... Лагуната беше као растурена сарма... А се отвориле ербези и тоа све, ама мање-више немало поента за патниците. Е сеа, ти види, и напрај ја математиката, за брзина од 140 или колку беше за Тоше, дали би направиле било каква разлика ербезите, без оглед на тоа дали се отвориле или не.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Airbag
« Одговори #9 на: 20 Октомври 2011, 01:37:14 am »
Абе ако немаш во глава џабе ти се аирбези и џабе ти е целата опрема на колата. Туку така чисто го спомнав  Тоше за споредба.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Airbag
« Одговори #10 на: 20 Октомври 2011, 01:59:44 am »

Еве како изгледа коа Фокус МК1 ќе се спука со брзина од 120 милји на саат (200 км на саат).

Последна работа што ќе ти пројде низ глава у ваква ситуација е шофершајбна. И волан. И алтернатор. И задња торзиона оска. Сасвим могуче и акумулатор.

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Airbag
« Одговори #11 на: 20 Октомври 2011, 03:57:26 am »
барем бандажите да ги извадеа :)

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Airbag
« Одговори #12 на: 20 Октомври 2011, 08:29:49 am »
Абе ако немаш во глава џабе ти се аирбези и џабе ти е целата опрема на колата. Туку така чисто го спомнав  Тоше за споредба.

Не ми беше муабетот да ти контрирам за спомнувањето на Тоше, сори ако така си ме сфатил... Не ми било така у план :)

Има тук-там„убер-паметни“ људи шо хараат по форумов, на кои не им е јасно зашто не се отвориле ербезите на Туарегот на Тоше, па следствено на тоа, компанијата што го произведува Туарегот, за динстан тестис не ја бивало... Иф ју ноу уат ај миин :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Airbag
« Одговори #13 на: 20 Октомври 2011, 09:17:49 am »
Абе ако немаш во глава џабе ти се аирбези и џабе ти е целата опрема на колата. Туку така чисто го спомнав  Тоше за споредба.

Во некои случаи за жал си беспомошен ко возач ...
Затоа што будалата што доаѓа од спротивен правец е пијан, дрогиран, ја фатил жената со комшијата итн ...

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Airbag
« Одговори #14 на: 20 Октомври 2011, 12:00:01 pm »
Airbag-от не е семоќно помагало, се знае што може да направи и во кои случаи.