...
Точно, цената на гумите е дел од редовното одржување. Да речеме, ќе го купиш со летни гуми. Ама треба да му ставиш и зимни, затоа што со тој мотор под хауба, да го возиш со летни опинци на снег и мраз, е рамно на самоубиство.
Зимски најверојатно 19ки или 20ки со бандажи, ќе чинат околу три илјади евра. Минимум. Ако дојде ред да менуваш летни гуми на 21 или 22ка, сметај околу 500 евра од гума.
Кочници
Предни дискови + плочки (оригинални/Брембо): 200 евра дискови, 100 евра плочки.
Задни дискови + плочки (оригинални/Брембо): 160 евра дискови, 80 евра плочки.
Сензори за истрошеност (2 броја): 30 евра.
Ова ти се цени во Германија, што ги најдов на акција. 600 евра само за делови.
Подобар предлог. Нема. Порше си е Порше. Самошто кога доаѓа ред за сервиси/одржување, цифрите стануваат сериозни.
