Автор Тема: VW Passat B7, 2.0 TDI, 140 hp  (Прочитано 19429 пати)

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: VW Passat B7, 2.0 TDI, 140 hp
« Одговори #45 на: 20 Јуни 2017, 10:30:58 am »
Па што си купил Пасат за низ град ? :)
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: VW Passat B7, 2.0 TDI, 140 hp
« Одговори #46 на: 20 Јуни 2017, 10:37:30 am »
Веле, кај тебе не верувам да дојде до затнување затоа што си у германија а таму по автопат се гази добро :)


Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: VW Passat B7, 2.0 TDI, 140 hp
« Одговори #47 на: 20 Јуни 2017, 10:49:31 am »
Кај мене на Леонот еднаш ми се појави во 70.000 километри. И тоа последниов период кога почна брат ми да го вози секој ден низ град, а поретко излагаше надвор.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: VW Passat B7, 2.0 TDI, 140 hp
« Одговори #48 на: 20 Јуни 2017, 11:50:51 am »
234.400km, незнам сеуште како изгледа ламбичето за ДПФ. Регенерирање на 200км е страшно мала бројка за регенерирање на филтерот, си има некоја мака и тој.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: VW Passat B7, 2.0 TDI, 140 hp
« Одговори #49 на: 20 Јуни 2017, 12:04:20 pm »

Ова вака е трајно решение, и како што знам многу луге го практикуваат истото кај нас. :)
 градов  :)
Далеку од трајно решение, проблемите допрва те чекаат со дпф без контола на неговата запушеност.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Passat B7, 2.0 TDI, 140 hp
« Одговори #50 на: 20 Јуни 2017, 12:23:10 pm »
234.400km, незнам сеуште како изгледа ламбичето за ДПФ. Регенерирање на 200км е страшно мала бројка за регенерирање на филтерот, си има некоја мака и тој.
Исто и кај брат ми, уште се нема појавено дпф ламбичето а колата има 210.000км (пасат цц). ЕГР-то цркна на 100 и нешто и сменето под гаранција. Ако цепаш на отворено редовно немаш гајле, затоа заеби дизел само за во град. Освен градска вожња, многу е лошо за дпф особено во зима каде што температурата на уљето скоро никогаш не достигнува оперативна температура ниту по 10км, тука би ставил како битен фактор е и ставање на несоодветно уље од локални мајстори. Квалитетот на горивото мислам дека е ОК во Македонија и не треба тоа да е причина.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: VW Passat B7, 2.0 TDI, 140 hp
« Одговори #51 на: 20 Јуни 2017, 12:56:45 pm »
Веле, кај тебе не верувам да дојде до затнување затоа што си у германија а таму по автопат се гази добро :)

Абе да, ама па не ми е секое искачање со кола возење по автопат. Башка, чисто онака, ме интересираше дали е тоа тоа, или има уште некоја ујдурма :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: VW Passat B7, 2.0 TDI, 140 hp
« Одговори #52 на: 20 Јуни 2017, 13:32:48 pm »
чистењето на автопат треба да биде редовно, а не кога ќе се појави проблем, зошто после може по отпади да барате нов мотор

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: VW Passat B7, 2.0 TDI, 140 hp
« Одговори #53 на: 20 Јуни 2017, 14:00:25 pm »
Абе да, ама како може да се препознае дека му „дошло време за чистење“? Или чисто онака, да си практикува чоек, на редовна база да оди на прочистување?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: VW Passat B7, 2.0 TDI, 140 hp
« Одговори #54 на: 20 Јуни 2017, 14:03:30 pm »
ДПФ е познат по честа ако не и нормална расипливост после одредена измината километража.
Можеби ќе тера и 300,000 иљади ама генерално ќе откаже кад-тад.

Кола со ДПФ не е за градска вожња освен за инцидентни излези.

Отстранување на ДПФ мора да биде компјутерско и физичко, ако го отстраниш само компјутерски а остане запушено саќето, папала маца моторот.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat B7, 2.0 TDI, 140 hp
« Одговори #55 на: 20 Јуни 2017, 15:59:28 pm »
И јaс имaв зaебaнцијa сo Пaсaтoт, се стaвaше у safemode и јa гaсеше турбинaтa. Спремен бев дa вaдaм ЕГР и се oстaлo зa чистење, нo сo еднo идење дo Прилеп прoблемoт се реши сaм. Пo угoрниците нaкaј Плетвaр мaлку стискaње, нa спуштaње у 4тa без гaс (некaде и 3тa) нa пoвисoки oбртaи дa биде и се си дoјде нa местo. Зa врaќaње кoлaтa рaбoтеше мнoгу пoдoбрo.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: VW Passat B7, 2.0 TDI, 140 hp
« Одговори #56 на: 20 Јуни 2017, 17:52:28 pm »
Абе да, ама како може да се препознае дека му „дошло време за чистење“? Или чисто онака, да си практикува чоек, на редовна база да оди на прочистување?

ДПФ-от во град ги складира честичките за да на отворен пат ги исфрли, затоа регенерацијата се случува под тие услови, константна повисока температура на филтерот и издувните гасови, во град нема можност да се постигне тоа, а колата возена на кратки интервали и топло ладно режим продуцира повеќе гасови.
Во нормален свет за во град често се користи јавен превоз или велосипед, за викенд се шета некаде подолго од 20км, па пробеми со дпф се по ретки.

админи отворете тема за дпф и префрлете да не му ја труеме темата на човекот

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: VW Passat B7, 2.0 TDI, 140 hp
« Одговори #57 на: 20 Јуни 2017, 18:35:24 pm »

Ова вака е трајно решение, и како што знам многу луге го практикуваат истото кај нас. :)
 градов  :)
Далеку од трајно решение, проблемите допрва те чекаат со дпф без контола на неговата запушеност.
Трајно решение е да се префрлиш на бензинец :P

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: VW Passat B7, 2.0 TDI, 140 hp
« Одговори #58 на: 22 Јуни 2017, 07:40:01 am »

Ова вака е трајно решение, и како што знам многу луге го практикуваат истото кај нас. :)
 градов  :)
Далеку од трајно решение, проблемите допрва те чекаат со дпф без контола на неговата запушеност.
Трајно решение е да се префрлиш на бензинец :P
Да не ја тераме во тој правец темата. Процесот на регенерација на DPF се случува кога ќе се исполнат одредени услови - односно ќе се намали протокот низ дпф филтерот. За тоа е задолжен сензор за диференцијален притисок пред  и по DPF-от. Кога ќе настане услов (зголемена разлика во притисоците пред и по DPF-от), компјутерот активира мод за регенерација на DPF-от, со цел да го прочисти.
Ако ти (софтверски) го „укинеш“ механизмот за регенерација на DPF-от без да го отстраниш, тогаш за брзо време и онака полниот DPF ќе  почне да станува се поголема пречка за издувните гасови и моторот ќе почне да губи снага, да зголемува потрошувачка, да има проблеми со палење и што ти ја знам уште што не.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: VW Passat B7, 2.0 TDI, 140 hp
« Одговори #59 на: 22 Јуни 2017, 08:12:38 am »
234.400km, незнам сеуште како изгледа ламбичето за ДПФ. Регенерирање на 200км е страшно мала бројка за регенерирање на филтерот, си има некоја мака и тој.
Исто и кај брат ми, уште се нема појавено дпф ламбичето а колата има 210.000км (пасат цц). ЕГР-то цркна на 100 и нешто и сменето под гаранција. Ако цепаш на отворено редовно немаш гајле, затоа заеби дизел само за во град. Освен градска вожња, многу е лошо за дпф особено во зима каде што температурата на уљето скоро никогаш не достигнува оперативна температура ниту по 10км, тука би ставил како битен фактор е и ставање на несоодветно уље од локални мајстори. Квалитетот на горивото мислам дека е ОК во Македонија и не треба тоа да е причина.

И кај мене никогаш не уклучило ДПФ. Тоа е затоа што специјално барав верзија на мотор без дпф :)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need