Автор Тема: Возење во Србија  (Прочитано 4409 пати)

Отсутен mvd

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Возење во Србија
« на: 11 Јуни 2016, 14:07:07 pm »
Здраво. Имам едно прашање па доколку некој знае, ве молам да ми одговорите. Дали е дозволено возач почетник да извади меѓународна возачка дозвола и да вози во Србија? Ама не сопствено возило, него возило кое што е во сопственост на Србин. Фала однапред.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20680
Одг: Возење во Србија
« Одговори #1 на: 11 Јуни 2016, 14:09:08 pm »
Веројатно е најдобро да прашаш во АМСМ, пошто интересен сплет на околности е ова.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Возење во Србија
« Одговори #2 на: 11 Јуни 2016, 14:40:30 pm »
Чим имаш наша ВД не би требало да имаш проблем да извадиш и меѓународна ако патуваш било каде во Европа. Инаку, за Србија не ти треба меѓународна ВД, ќе си тераш со македонската. Македонија и Србија имаат склучено билатерален договор за признавање на ВД на двете земји.
За прашањето дали смееш таму да управуваш со туѓо возило ќе си прашаш во нивното МВР. Верувам дека можеш, најверојатно исто како и кај нас со потврда т.е дозвола од сопстевикот заверена на нотар. Сепак прашај си.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Возење во Србија
« Одговори #3 на: 12 Јуни 2016, 02:46:32 am »
тамошните закони се скоро исти како нашите. вози слободно... и меѓународна можеш да извадиш дента кога ќе ја земеш возачката за прв пат во животот... сопругата моја извади некои си 40 дена по зимање возачка... тоа возач почетник е за кај нас... во странство важат нивните закони, ако си ти туриста, шетач, работник или што и да си, ти си странец во туѓа земја и таму тие закони се почитуваат...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2652
Одг: Возење во Србија
« Одговори #4 на: 12 Јуни 2016, 02:58:01 am »
 Еве и јас, можеш да возиш во србија слободно, НО за со српско возило пити си таму  во нивната полиција...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14052
Одг: Возење во Србија
« Одговори #5 на: 12 Јуни 2016, 12:19:54 pm »
Мислам дека ќе ти треба само полномошно од Србинот и си возиш. Нема никаква логика да имаш проблем.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Возење во Србија
« Одговори #6 на: 13 Јуни 2016, 20:53:21 pm »
ни полномошно нетреба. имам јас моја кола на име на братучед во србија ми е, ни полбомошно ни ништо, а ме запирале полицајци... е законски како е пишано незнам... ама и кај нас е пишано дека треба полномошно, па скоро никој не го вади...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6635
Одг: Возење во Србија
« Одговори #7 на: 13 Јуни 2016, 21:09:29 pm »
Ни кај нас нема потреба од полномошно, освен ако станува збор за возило на име на правно лице или пак возачот треба да испадне со твоето возило пример надвор од државава.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Возење во Србија
« Одговори #8 на: 13 Јуни 2016, 22:24:04 pm »
Ни кај нас нема потреба од полномошно, освен ако станува збор за возило на име на правно лице или пак возачот треба да испадне со твоето возило пример надвор од државава.

треба треба... и за во град треба...

а ако ја погледнеш сообраќајната, на нејзе пишува сопственик и корисник. ако постојано се користи една иста кола (да речеме татко и син) едниот треба да се впише и како корисник за да нема проблеми пред закон...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Возење во Србија
« Одговори #9 на: 13 Јуни 2016, 22:35:10 pm »
Не треба полномошно за физички лица. Ако треба дајте линк од казната  ;)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6635
Одг: Возење во Србија
« Одговори #10 на: 13 Јуни 2016, 22:36:41 pm »
Член 317 од законов, не наоѓам ништо такво каде што се вели дека треба полномошно за возење ако возилото е на физичко лице.
http://moi.gov.mk/Upload/Documents/zbsp%20169-2015.pdf

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1800
Одг: Возење во Србија
« Одговори #11 на: 14 Јуни 2016, 00:14:23 am »
За возење низ Македонија со туѓа кола не треба полномошно. Полномошно треба ако излегуваш надвор од Македонија, но има гранични премини каде што пуштаат и без полномошно со малку мрчење :)

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2652
Одг: Возење во Србија
« Одговори #12 на: 14 Јуни 2016, 00:26:57 am »
За надвор од државата мора полномошно! Какоќе знаат дека колата е на другар ти, братучет или шо и дае, мош ја крадеш и ја носиш во странство!
Јас колку што знам по закон треба полномошно и за во државата, ама досега никој не сум слушнал да казнат за таква работа.
За скужбено возило на име на фирма е друга работа, таму мислам се пишуваат корисници и такви работи...

За да не постирам уште еднаш, ова е се што најдов од законот на оваа тема:

(4) Сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото, може да го
даде возилото на управување на лице државјанин на Република Македонија да го изнесе
надвор од границите на Република Македонија, само врз основа на одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство издадено од сопственикот, односно
носителот на правото на користење на возилото, преку овластено правно лице за вршење
на технички преглед.
(5) По исклучок од ставот (4) на овој член, сопственикот на возилото може да го даде
возилото на управување на лице странец кој законски престојува во Република
Македонија да го изнесе надвор од границите на Република Македонија, само врз основа
на одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство издадено од
сопственикот на возилото, преку овластено правно лице за вршење технички преглед на
возила.
(6) Возило во сопственост на странско правно лице со седиште во Република
Македонија, може да биде дадено на управување на лице странец, кој законски престојува
во Република Македонија, да го изнесе надвор од границите на Републиката, врз основа на
доказ за регулиран законски престој и одобрение за управување со туѓо моторно возило во
странство издадено од одговорното лице во правното лице со седиште во Република
Македонија, заверено на нотар, преку овластено правно лице за вршење технички преглед
на возила


Ако некој разбра алал да му е... Јас ништо не разбрав од ова :D
« Последно менување: 14 Јуни 2016, 01:03:01 am brm brm »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20680
Одг: Возење во Србија
« Одговори #13 на: 14 Јуни 2016, 00:29:49 am »
За службено колку што знам, треба полномошно и патен налог.

За приватно, низ град/држава, као наводно треба, ама мислам дека нема потреба.

За во странство, би рекол дека е задолжително, мада да бидам искрен, мене не ми побараа, кога идев за Љубљана со другар (колата од пред извесно време се води на жена ми).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Возење во Србија
« Одговори #14 на: 14 Јуни 2016, 10:57:46 am »
Никаде во законот не пишува дека треба да имаш полномошно за управување на туѓо моторно возило во Македонија кое е сопственост на физичко лице.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.