За надвор од државата мора полномошно! Какоќе знаат дека колата е на другар ти, братучет или шо и дае, мош ја крадеш и ја носиш во странство!
Јас колку што знам по закон треба полномошно и за во државата, ама досега никој не сум слушнал да казнат за таква работа.
За скужбено возило на име на фирма е друга работа, таму мислам се пишуваат корисници и такви работи...
За да не постирам уште еднаш, ова е се што најдов од законот на оваа тема:
(4) Сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото, може да го
даде возилото на управување на лице државјанин на Република Македонија да го изнесе
надвор од границите на Република Македонија, само врз основа на одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство издадено од сопственикот, односно
носителот на правото на користење на возилото, преку овластено правно лице за вршење
на технички преглед.
(5) По исклучок од ставот (4) на овој член, сопственикот на возилото може да го даде
возилото на управување на лице странец кој законски престојува во Република
Македонија да го изнесе надвор од границите на Република Македонија, само врз основа
на одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство издадено од
сопственикот на возилото, преку овластено правно лице за вршење технички преглед на
возила.
(6) Возило во сопственост на странско правно лице со седиште во Република
Македонија, може да биде дадено на управување на лице странец, кој законски престојува
во Република Македонија, да го изнесе надвор од границите на Републиката, врз основа на
доказ за регулиран законски престој и одобрение за управување со туѓо моторно возило во
странство издадено од одговорното лице во правното лице со седиште во Република
Македонија, заверено на нотар, преку овластено правно лице за вршење технички преглед
на возила
Ако некој разбра алал да му е... Јас ништо не разбрав од ова