Каде бе против руси назнам само...
http://sportmax.mk/afp-intervjuirashe-ruski-huligan-koj-anglichanite-gi-nareche-devojchina/Авторитетната француска информациона агенција AFP интервјуираше руски хулиган, еден од бројните руски фанови кои допатуваа за да се пресметат со секого, но првенствено со Англичаните.
Тој прифати да зборува, под услов да не му се објави идентитетот и само рече дека се вика Владимир. Во Москва тој е е одговорен за односи со јавноста на една компанија и татко на две деца, во Марсеј тој е руски хулиган.
“Не е важно од кои градови доаѓаме и за кои екипи навиваме. Важно е дека сме Руси и дека имаме намера да се истепаме со Англичаните. Тие секогаш и секаде се фалат дека се главни фудбалски хулигани во Европа. Ние сме тука за да докажеме дека англиските фанови се – девојчиња.
Предупредувањето на УЕФА е бескорисно, овие луѓе со ништо нема да ги запреш.
Јас дојдов со група од околу 150 елитни борци и учествував во неколку тепачки во кои редовно победувавме. Вкупно, по моја проценка, во Марсеј има околу 500 до 600 вистински руски хулигани, додека на спротивната страна се соочувавме со илјадници Англичани кои го преплавија Марсеј.
Првенствена цел беше да се договориме со Англичаните да се бориме против Арапите и така беше се до оној момент кога се обидоа да ни ги одземат клупските обележја.
Навивачите од Русија, или хулигани, како што ги нарекувате, се воглавно на возраст од 20 до 30 години и повеќето од нив во татковината се бават со спорт, најчесто бокс, кик-бокс или борење. Нивната цел овде е да им докажат на Англичаните дека тие не знаат да се тепаат и дека не се ниту хулигани, како што сакаат да се претстават. Многу Руси допатуваат тука само со таа намера.
При тепачките, Англичаните најчесто фрлат столчиња и шишиња, додека нашиот стил е само борба со раце. Немаме намера некого да осакатиме или убиеме, сакаме само да ја демонстрираме својата сила.
Руските хулигани се групираат така да бидат невидливи. Ако видете Русин со знаме, бидете сигурен дека тој е само навивач-турист. Лесно се облекуваме за да бидеме послободни, обично само маица панталони и кожни повисоки чевли или патики.
Што се однесува до полицијата, мислам дека тие со интерес гледаат на нашите пресметки со Англичаните и реагираат само во последен момент.
Сепак, после овие три дена мислам дека состојбите полека ќе се смират и ќе имаме помирно ЕУРО“, рече Владимир.