Автор Тема: Удолница во "лер" или во брзина  (Прочитано 15841 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #75 на: 13 Октомври 2017, 20:29:46 pm »
така е, ама имаше постови дека лер воопште не се користи, само за во место... а тоа не би се сложил...

Во право си. Постојат специфични и ретки ситуации во кои се користи тркалање во лер.

Се додека се согласуваме дека а) симињање од Плетвар не спаѓа во тие ситуации и дека б) тркалање во лер не штеди гориво туку напротив - тогаш све си е океј.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #76 на: 15 Октомври 2017, 17:47:26 pm »

Еве, фино, баш од денес.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #77 на: 15 Октомври 2017, 20:38:17 pm »
Денес се враќав од Стража надоле и се сетив на муабетов. Ајде си велам, да видам да се потсетам како би било да се враќам надоле во lehr.
Повозев така 1 километар и веќе почнав да се осеќам како jackass. Очекував во секој момент да ми откажат кочниците и да изгубам притисок на масло и кочење  :D

Си убацив во 4-та надоле при 2000-2300 вртежи тоест 60-70км/ч и тоа е тоа. Толку е просто.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #78 на: 15 Октомври 2017, 20:39:39 pm »
Сигурно уште се врели сиротите дискови.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #79 на: 16 Октомври 2017, 00:09:35 am »
да изгубам притисок на масло

Под ова мислиш на притисокот на масло во моторот ? Зошто би го изгубил притисокот на маслото возејки во лер ?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #80 на: 16 Октомври 2017, 01:00:08 am »
да изгубам притисок на масло

Под ова мислиш на притисокот на масло во моторот ? Зошто би го изгубил притисокот на маслото возејки во лер ?

Гледаш дека тоа со смајли е :)

Иначе навистина, старите мотори имаа проблем со притисокот на маслото под мала гас и не беше препорачливо долго време да работат во лер. понатаму почнаа да ги прават пумпите повеќе да друкаат кога се појавија сообраќајни џемови секаде низ светот.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #81 на: 16 Октомври 2017, 12:01:07 pm »
Удолница, секогаш во брзина, прилагодена да не ја бутка колата побрзо од тоа што ти треба за да се осеќаш сигурно.. Знам дека многу луѓе практикуваат исто на патот Велес - Скопје да се улетаат пред тунелите и одозгоре надолу во лер да ја пуштат колата... Мислам дека таа нагла промена воопшто не и годи на колата..

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #82 на: 16 Октомври 2017, 12:39:56 pm »
Иначе навистина, старите мотори имаа проблем со притисокот на маслото под мала гас и не беше препорачливо долго време да работат во лер. понатаму почнаа да ги прават пумпите повеќе да друкаат кога се појавија сообраќајни џемови секаде низ светот.

Сепак, и новите мотори не се баш нај-среќни при долга работа во лер. Ама, еве, сега имаат старт-стоп, пред конечно да умрат и сите да се пребацат на струја (сполај му на горнион).

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #83 на: 16 Октомври 2017, 13:18:04 pm »
Мислам дека има повеќе позитивни аспекти со моторно кочење отколку негативни.

Особено важи кај старите возила ова.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10282
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #84 на: 16 Октомври 2017, 13:44:54 pm »
Не верувам дека и на ново возило нема да откажат кочниците после 5-6 километри во лер на пострмна удолница, како стража, плетвар и слични. Ем поновиве коли имаат cut-off (не збам адекватем мк превод) на бензин.
А и залетување на удолница и нагло кочење пред кривини исто така може да придонесе до пропаѓање на кочници. Ем кога ќе се прегреат еднуш дисковите и плочките од нив "кочница" не бидува повеќе. Цивилните плочки не се наменети за високи температури каки кај спортските возила.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #85 на: 16 Октомври 2017, 13:57:10 pm »
Имаше правило кај старите возила, да ти биде во брзина за моторот да биде секогаш под оптимален притисок на масло. Маслото покрај подмачкување има и улога на ладење. Ова особено беше значајно кај Бубите, бидејќи се воздушно ладење.