Автор Тема: Издавам канцеларија и магацини  (Прочитано 7400 пати)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Издавам канцеларија и магацини
« на: 08 Јуни 2016, 13:54:29 pm »
Издавам комплетно реновиран стан погоден за канцеларии од 75м2 на фреквентна локација - I спрат веднаш над Билна Аптека, одличен за адвокатска канцеларија, нотар, извршител, административна канцеларија на фирма, ординација.

Станот содржи:
- Голема просторија со пулт
- 2 засебни работни простории
- 1 одделна канцеларија
- Kујна со фрижидер и индукциско решо
- Остава со метални рафтови
- Купатило

Просториите се исклучени од градско парно, ладењето и греењето е на нови инвертер клими.

Во влезот има приклучок за Телеком интернет и Телекабел интернет.

Просторот се издава празен и може да се види со претходна најава.

Просторот е слободен веднаш, се издава на најмалку една година и ентериерот неможе да се преуредува.

Паркингот е зонско паркирање на општина Центар (ПОЦ) и може да се извади налепница. Постои можност за изнајмување и на гаража (со доплата).

Цена: 430 евра + ДДВ месечно, плаќање на фактура.

Линк до галеријата со слики

Контакт: 078/807-871



------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Издавам магацини од 9 до 1100 м2 на трианглата во Маџари, на приземје и на катови.

Моментално слободни магацини:

1. Магацин на приземје, површина од 1059 м2, има канцеларии, чајна кујна, мокар чвор, струја и инсталација за телефон и АДСЛ интернет од Телеком.

Магацинот е слободен од 1 Јули, може да се види со претходна најава, цена 3.9 eur/m2 + ДДВ

2. Магацин на III спрат од 100 м2, цена 2.5 eur/m2 + ДДВ.

3. Магацин на III спрат од 18м2, цена 6000 ден со вклучен ДДВ, месечно.
 
Објектот е на 500м од автопатот, на влезот во Скопје, има директен влез од главната улица (Благоја Стефковски), погоден за шлепери, и комбиња, има голем двор и доволен број на паркинг места за коли и комбиња.

Објектот е од тврда градба со стабилна температура и без влага, чист, добро осветлен, безбеден, со мокар чвор, телефонски линии, интернет.

Подот е армиран бетон, над него има бетонска кошулица врз која е нанесен феробетонски премаз и истиот задоволува фитосанитарни услови за складирање на храна и лекови. Обврската за обезбедување на ХТП дозволата паѓа на закупецот.

Објектот има 4 2.5 тонски теретни лифтови, рампа за шлепери и целиот објект е под 24 часовен видео надзор.

Можност за бесплатно користење на виљушкари и колички.

Контакт: 078/807-871

« Последно менување: 29 Јуни 2016, 11:33:02 am smole »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13913
Одг: Издавам канцеларија и магацини
« Одговори #1 на: 09 Јуни 2016, 11:28:48 am »
Топ!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Издавам канцеларија и магацини
« Одговори #2 на: 11 Јуни 2016, 14:12:59 pm »
Авто+ беше во тој стан на времето, така? :)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Издавам канцеларија и магацини
« Одговори #3 на: 11 Јуни 2016, 22:23:12 pm »
Баш така :)

Отсутен Dejan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 158
Одг: Издавам канцеларија и магацини
« Одговори #4 на: 13 Јуни 2016, 20:27:03 pm »
Утре ќе поминам да го видам магацинот, ќе ти се најавам.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Издавам канцеларија и магацини
« Одговори #5 на: 20 Јуни 2016, 10:49:43 am »
Измена во квадратурата во ставка 2.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Издавам канцеларија и магацини
« Одговори #6 на: 29 Јуни 2016, 11:33:36 am »
Додаден трет магацин.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Издавам канцеларија и магацини
« Одговори #7 на: 15 Септември 2016, 09:42:57 am »
Магацинот на приземје (ставка 1) може да се подели на два магацини така што секој би имал излез на рампа:

1a. 428 м2, цена 4.3 eur/m2 + ДДВ
1б. 631 м2, цена 4.1 eur/m2 + ДДВ

4. Магацин на III спрат од 167 м2, цена 2.5 eur/m2 + ДДВ.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Издавам канцеларија и магацини
« Одговори #8 на: 04 Октомври 2016, 20:44:25 pm »
Нова цена на канцелариите во Центар - 400 еур + ДДВ, месечно.

Цена на магацинот на приземје (1059 м2) - по договор

Некои од магацините погоре имаат и канцеларии, за моментално слободни магацини пп.

На понуда се и мали магацини aka self storage (ние сме единствени ви Македонија кои го нудиме овој вид на складирање) од 9м2 - цена за месец 3000 ден со вклучен ДДВ.

Слики од self storage:







Повеќе инфо на Свој Склад.
« Последно менување: 17 Октомври 2016, 16:14:29 pm smole »

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #9 на: 04 Октомври 2016, 22:26:09 pm »
Локација каде на селф стораге?

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Издавам канцеларија и магацини
« Одговори #10 на: 05 Октомври 2016, 08:35:25 am »
Локација каде на селф стораге?

Во истата зграда како и останатите магацини, Триангла, Маџари.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Издавам канцеларија и магацини
« Одговори #11 на: 02 Ноември 2016, 09:26:33 am »
Bump

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Издавам канцеларија и магацини
« Одговори #12 на: 05 Декември 2016, 10:02:41 am »
Bump

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Издавам канцеларија и магацини
« Одговори #13 на: 19 Декември 2016, 11:15:25 am »
Цената на канцелариите не е фиксна, има можност за паркирање до 3 возила на ПОЦ паркингот.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Издавам канцеларија и магацини
« Одговори #14 на: 03 Јануари 2017, 23:55:41 pm »
B U M P