Дечки прво благодарам на сите за пораките.
Второ, за сите што го памтат Голфот - на истиот на 16 Јуни му направив таков тјунинг/фејслифтинг, што со зборови не може да се опише, инаку “работилницата“ се наоѓаше на автопатот 100-на метри пред исклучувањето за Белви. Со естетското разубавување на Голфот започнав од семафорите во Автокоманда, кое заврши на опишаното место.
Тоа што се случи, ако сега ви го раскажувам ќе изгледа дека се правам поголем мангуп од gOJDO
, па затоа ништо повеќе околу тоа немам што да додадам, освен му благодарам на Бога што бев сам во колата без децата и сопругата или било кој друг, потоа му благодарам што никого од страна не повредив, ниу друга кола закачив, како и тоа што ете сеуште сум жив.
Како и да е страшно искуство - единствено позитивно е што секогаш сум се прашувал како им е на алиштана у машина кога ќе се укључи центрифуга
., а и пошто цело време бев свесен, сеуште се смеам на изразот на лицето на сестрата у амбулантното возило кога и реков - може ли малку поспоро да го возат тоа комбето, сепак пред десетина минути бев во Голф 6 - мислам комфор, клима, музиче, и то 
Толку околу несреќата, од повеќе причини не можам во овој момент да зборувам за тоа, освен еден поздрав до говедото во полициската бордо Сеат Алтеа, кој исто така е виновен за све што се случи - и не знам можеби и ќе налета на овој пост, па ако то се деси нека знае едно - со тоа што го стори, барем по основ непомагање на лице во невоља не му гинат неколку години затвор, - кој нормално тој нема никад да ги види, И УШТЕ НЕШТО БИ МУ ПОРАЧАЛ - НЕКА ЗНАЕ ДЕКА НЕМА ФАЈДЕ ШТО ОД ДВЕТЕ ЗЛА, ГО ОДБРА ТОЈ ДЕН ПОМАЛОТО - ТРЕБА ЧОВЕК ДА ГИ ИСКУСИ И ДВЕТЕ, ПА ДА ЗНАЕ КОЕ Е ПОМАЛО, ЏАБЕ НЕ РЕКЛЕ ВИНОВЕН ЧОВЕК СЕ ПЛАШИ ОД СОПСТВЕНАТА СЕНКА, А НЕ ПАК ОД ОНАА НА КОЈ МУ ЗГРЕШИЛ. Се направив во изминативе месец и пол да го најдам, но не успеав, ја можеби сум глуп (не можеби, туку сигурно-само глуп човек вози онака како возев јас), меѓутоа и поприлично упорен сум, па се надевам дека еден ден ќе налета на мојата сенка и ќе треба да каже само едно ИЗВИНИ (само тоа јас го барам, ништо повеќе).
Толку за тоа, инаку 10-на дена по несреќата отидов да го видам Голфот - и што ќе видам, САЛАТА ИМАМ, ИМА ЛИ НЕКОЈ СОЛ
.
Потоа го зедов Фокусот, а главен параметар при избор ми беше цената од 13300 евра (за дизел компакт класа), па пошто Голфов не ми беше каско осигуран, Фордов ми се виде како добра понуда, 1.8 ТДЦИ 115 кс, инаку тоа е постар изворно Фордов комонреил мотор, има една брегаста со 8 вентила, 280 Nm (300 Nm overboost) на 1900 о/мин - влече ко луд, и овој стварно иде 200 km-h
. (Заминува од пазарот поради Еуро 5 нормите), а од опрема - алуминимски фелни 16-ки, кожен волан со команди за радио и темпомат, клима, магленки......итн.
Како и да е далеку од тоа дека ова е сега не знам какво ауто (чак што више до тој ден сум го сметал за еден од поружните компакти - поготово задниот дел), ама искрено и далеку од тоа дека е лош, сосема солидно просечно компакт возило, со сега за сега одличен мотор и менувач......
Толку од мене, уште еднаш поздрав до сите, и би ве замолил во иднина да не ме прашувате околу несреќата.
http://www.smchiptuning.com/1896/ford-focus-mk2-1.8-tdci-115Секоја чест Зипо за соочувањето со медицинската сестра.

Ова горе е чисто за да се стокми твојата кола, во иднина. Да не очајуваш зошто има огромен потенцијал!
Па се гледаме следен пат, само се надевам паркирани... Голф 6 си имал? Паметен човек.

Фордов ти е некст-бест-тинг така да добро е.