Луѓето кои се интересираат за коли во земјава се тие кои се. Нови никој неможе да измисли, а "газдите" на форумите треба да бидат свесни дека не ги поседуваат. Тие луѓе, ентузијасти за автомобили, порано или подоцна ќе бидат членови и на овој форум. Ќе има и многу дискусии - интересни, поучни, корисни, но и глупи, банални и безполезни. Да не си гаеме илузии дека од вториот дел ќе се спасиме. Разновидните дискуси и разните членови доаѓаат во пакет, а администрација може да постави повеќе или помалку ефективен филтер.
Во секој случај како ќе се развива форумот зависи најмногу од тимот кој го води. Се надевам дека тимот на овој форум е доволно свесен и изживеан за кога ќе се развие форумот да не дозволи да се случат некои познати сценарија од некои други форуми. А сега пред тимот стои многу работа и многу потрошени часови од слободното време кои малкумина членови ќе знаат да ги ценат.