Поздрав до сите љубители на своите автомобили(дури и на оние кои повеќе си ги сакаат од своите жени).
Јас сум Зоран Маневски и имам возило со црвена боја. Се вика Мазда 6, 1800 цм3 и 120 коња (сосе мене 121).
Инаку сум дипл.ел.инж. и порано работев на АТЕСТ на Машинскиот факултет-кој сака сега е прилика да ме исплука.
Моментално работам како осигурителен брокер во Осигурително брокерското друштво Наше Осигурување во Аеродром.
Работиме со сите 11 Осигурителни компании како продажба на сите видови осигурување, така и регулирање на штети.
Сметам дека би ви бил од корист со совети и информации од мојата бранша, посебно што големо внимание посветувате на своите љубимци.
Се надевам на забавни и корисни теми.
И одма да прашам, салам автоелектричар за јапонски возила?Изгледа ми рикна ламбда сондата.
Поздрав