го пишав претходно како пост кога го растурав, зашто онака, не ми се отвораше тема нова во моментот, ама сега имам евидентирано се, освен рамнењето на главата, да не се повторувам, кај штраф ги бркам тие работи.
нека стои темава на форумов, се надевам дека барем еднаш на некого ке му помогне, затоа што е малку по ретко возило е, а веке иде накај олдатјмери, и дефинитивно е малку по тешко да се наоѓаат делови за него, поготово што и не се увезени во нешто по значајна бројка кај нас... секако, ебајот или кај чика алија експрес има делови. јас дихтунгот го најдов во скопје, еден единствен и последен кај импортерот, вли дека пред 10 години земал 5 комада и овој е последниот... како и да е, еве ја цела прикаска комплет...
значи:
невестава, се парикрала вечерта, а јас другиот ден го палам и вака работи, ама почна после 10-15 секунди, не одма. невестава вика претходниот ден се било ок...
по испитувањето што го направив, некако дури и чудно ми падна што 2-ри и 3-ти цилиндар скоро и да немаат комперисја, практично моторов пали и работи само на 1-ви и 4-ти цилиндар.
тоа што дими под хауба, е затоа што јас секогаш кога треба да растурам мотор, ако е замастен, обавезно прво го перам, не за друго, помалку ке се испошљакам по раце... значи не дими туку водена пареа е, се суши... а дека капе масло од моторов, капе и тоа од цели 7 различни места, кои, сега ке ги средам дефинитивно.
е поради оваа причина на вториот клип, само зашто сум фасциниран од тоа дека и во ваква состојба сепак пали, така се понаша и во сред зимо во нај ладното, прво пали, после вергла... мислам дека од тераса ако му ги покажам клучевите ке запали, ебаго моторот моделски од 1963-та година... е поради тоа и одлучив да го средам и да вози уште.. бар знам дека невестава, нема да ми се јави од негде дека не и пали колата, како што претходно се дешаваше со некои коли од икс причини, нај често банални...
и така, еве слики од пред перење, па од перење на моторот, па извадена глава и на нај долната е уствари нај интересното, дека стварно одамна немам видено ВАКА да изгори дихтунг. нит меша уље вода нит ништо.. само си ја префрла компресијата од еден во друг цилиндар... теоретски, овака може да работи многу долго. снагата преполовена, потрошњата скоро удвоена ќе биде, ама нема да застане, ке те однесе кај што си тргнал, дури и следниот ден па ке си запали и стварно, ке нема никаков дополнителен проблем...
следни слики, кога ке добијам дихтунгот и ке го склопам целосно... иначе, да кжама само: гусан блок и гусана глава... топ комбинација за работење
после 7-8 дена, тргнав со склапање:
ова е дихтунгот и неговите податоци
блокот и клиповите исполирани
главата исто така средена, вентилите и сисовите исполирани
“специјален“ рачен алат за полирање, т.е. бормашина+челична ротациона четка и терај.
внимателно само со ова, не смее баш да се запиња нешто превише, за да не дојде до оштетување т.е. длапки на материјалот...
и така дихтунгот на глава, оптичка проверка дека лежи како што треба
главата на место, се стегаат во полжав штрафовите, 3кг, па 7кг, па 10кг, па се отштрафува 90 степени (-90) па пак се стега на 10кг, па на сето ова дополнителни 90 степена (+90) стегање... јас го “частев“ од мене дополнителни 20 степени, значи во престегањето идев со 110 степени (+110)
брегаста монтирана, капак на брегаста исто, и ова е моментот кога го местев ребрастиот каиш.
и ја гу ја, те гу те, склопен
за секој случај, нарачав цела гарнитура од ебајот, за НЕВЕРОЈАТНИ 7 фунти... во гарнитурата содржи, дихунг за глава, 3 странични дихтончичња, 3 семеринзи (радилица, брегаста од кај каишница и брегаста од кај филтерот-десно) гумици за вентили и дихтунг за картер.
и така, да го привршам муабетов, откако со помош на елкетричната пумпа која е замена за АЦ пумпата (уште еднаш фала на луки што ми ја обезбеди пред пола година одприлика) го истерав воздухот од црева, филтер за нафта и цевките до бош пумпа. потоа со верглање ги испразнив цевките до дизни и на клуч грмна, како сега да сум го изгасил.. клипов е моментот кога невстава ми го донесе волот у гаража, за да си го земе тракторов накај дома со него...
фала многу, пријатно...
п.с. ако има некој некакви прашања, нека повели тука или во пп...
едит..
последната слика по грешка сум ја ставил... уствари и сум немал слика од целосно склопен, ама нема везе, исто е, само она црното дебело црево што иде до филтер за воздух го исфрлив, пошто е без функција воопшто а и не е оригинално.