Здраво Плимонт, имам Астра Х 1.6 2006 год, кој уред би го препорачале за оваа кола, Ланди омегас ево? Дали ќе има потреба од додатни работи како капалки и слично?
Исто, доста луѓе ми препорачуваат вградување БРЦ во Опел место ланди ренцо, демек дизните биле многу поскапи кај ланди ренцо, има ли нешто вистина во ова, колку пари е дизна за ланди омегас ево и какво е вашето искуство во врска со сервисирањето на дизните кај овие уреди?
Здраво
Наша препорака за Astra 1.6 од 2006 год е уредот Landi Omegas Evo, со торусен резервоар од 48 литри кој се поставува на место на резервно тркало. Цената е 570 евра. Можете да го одберете и најновиот уред на Landirenzo-Omegas 3.0, кој е со цена од 640 евра. Кај ова возило нема потреба од капалка-дозатор за дополнителна заштита на вентилите.
Омегас Ево е дизајниран да издржи и потешки услови на експлоатација, односно дизајниран е да издржи и неквалитетно гориво (ТНГ) кое не е прочистено од примеси кои се штетни по уредот. Тоа го покажа и во пракса , така да и по 3 години вградување на овој модел немаме регистриран ниту еден проблем со запушени инјектори, и досега не сме направиле замена на ниту еден инјектор. Инаку цената за замена на комплет инјектори за EVO уредот е 175 евра.
За инјекторите тип EVO/EKO со кои е опремен Omegas Evo уредот (кои инаку не се ништо поскапи од инјекторите на БРЦ), предвидено е да не се заменуваат во случај на проблем, туку да се репарираат во овластен сервис на Ландирензо. Постои фабрички подготвен кит за репарација, кој сеуште не сме го употребиле затоа што сеуште немало потреба за тоа.
Првите модели на Омегас беа опремени со MED инјекторите на Landirenzo, кои заедно со Keihen инјекторите се најбрзите плински инјектори кои се досега произведени, но и најскапи. Тие инјектори се чувствителни на нечистотии во плинот. MED инјекторите не ги користиме повеќе од 6 години, освен кај возила чии мотори имаат потреба од екстемно брзи инјектори (Турбо, ТФСИ, ГДИ...)
BRC уредот е квалитетен уред и слободно можете да го одберете, но ќе направите грешка ако се откажете од Landirenzo заради половични или неточни информации.