за плочка систем мислам дека беше толку... не ме држете за збор, ке се изјасни претставникот на плимонт по ова прашање веројатно во понеделник, ама знам дека имаа таква акција, за таа сума, а дали сеуште е акцијата актуелна, незнам, стварно... инаку регуларната цена е 16.000 денари до атест... имаа поевтинување од 50 еура, со што со таа цена бајаги се приближија до цената за половен стар уред без документи... од она што го знам во моментов околу 120-150 евра ти излага да туриш плин без документи, ем половен е, можда и 15-20 години возен, боцата во која состојба е прашање, елементи и слично.. никаква гаранција дека утре нема да откаже, а ако откаже ајде уште пари давај...
вака за таа сума ганц нов, со гаранција плински уред, башка цевководите ке бидат (претпоставувам) по нај новата технологија со термопластични црева, водени низ линии и дупки каде што нема шанси да се удрат, закачат, скинат, свиткаат, скапаат и оштетат како бакарните цевки... поготово на југо, како му е истурен подот во средишниот дел...
понатака цревата под хауба до карбуратор што идат од расплињача ке бидат нај новите армирани гас црева, а и цревата за расплињачата ке бидат исто од нај нова технологија која се користи во ландирензо плинските уреди... се у свему, ке добиеш еден нов плински уред, на возило кое ако планираш да го возиш уште барем 2-3 години, ке можеш да се опуштиш по прашање квалитет, издржливост и слично... а сумата за инвестиција, повеке од сигурен сум дека за 3 до 9 месеци ја вадиш со возење на истиот... поготово со овие цени на плинот, возењето живо џабе ке испадне... можеме само да се лажеме дека постои југо, било кое југо, со било кој мотор, на било кој начин возено, дека потроши помалку од 9 литри бензин градска... а идат и до 12...
инау и на ефи моторите од југо, може да му се намести почка систем без проблем... иако може и на дизни да се изработи, ама ценатааааа... различна е...