Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 897646 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1545 на: 08 Февруари 2015, 01:10:22 am »
Здраво,
ајде малку помош од поискусните колеги!!!
Во зимскиве денови побрзо постигнување на работната температура на возилото и со тоа побрзо префрлање од бензин на плин и побрзо загревање на кабината(префрлање бензин-плин 20 степени-или потребно 1 до 2 км. возење, а за постигнување нормално греење во кабина 4 км.)
-станува збор за опел корса б
-дали ќе помогне картон пред хладњакот или целосно затворање на отворите на маската и браникот?
Поздрав до сите на форумот!!!
без оглед што е зимо, 2 километри возење за корса Б, за да дигне до 20 степени, ке да е друг проблемот... картон не ти помага... термостатот да се провери... ако е 1 километар, тоа е ок, ама ако е 2 тоа е многу... за кабина да почне да дува убаво топло, 4 км е ок, мада чим на 1-2 префрла на плин, уште тогаш би требало нешто топло да дувка.. не многу, ама го има...

картонот не ти помага ни за плин ни за парно, затоа што во тој момент, немаш о дшто да го штитиш хладњакот... тој посекако си е ладен...

и вакви прашања во техничко одржување поставувај ги, не на тема за плин...

позз
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1546 на: 08 Февруари 2015, 08:02:28 am »
Ако надвор температурата е -10, 15 степени а со возење одма се започне (не поработува во место бар 2-3 мин) не е чудно да требаат 2 км, за секој случај провери си го термостатот како што кажува онак.

Отсутен ivanov99

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1547 на: 08 Февруари 2015, 12:05:54 pm »
Ако надвор температурата е -10, 15 степени а со возење одма се започне (не поработува во место бар 2-3 мин) не е чудно да требаат 2 км, за секој случај провери си го термостатот како што кажува онак.
Да, веднаш тргнувам, не ја загревам во место.
Ви благодарам на одговорот.
Онак се извинувам ако прашањето го поставив на погрешно место
Поздрав до сите

Отсутен ivanov99

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1548 на: 08 Февруари 2015, 12:11:01 pm »
Дали според вас е подобро за плинот да ја загревам во место?

Отсутен MarkoS

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 207
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1549 на: 08 Февруари 2015, 15:48:09 pm »
Здраво плимонт,

Ме интересира од вашето големо искуство со плински уреди на секакви марки, модели на возила и различни мотори, која марка/модел/мотор на автомобил би ја посочиле како нај доверлива на плин со која сте имале искуство еве над 2004 година.
И колкав е векот на моторот доколку постојано се вози на плин како примарно гориво, дали може да се поминат 200.000 км само на плин, нормално тука влегува палење на бензин и дозирање на бензин на високи обртаи за превентива дури и ако моторот не е еден од критичните.

Голем поздрав до вас...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1550 на: 08 Февруари 2015, 16:06:20 pm »
Дали според вас е подобро за плинот да ја загревам во место?

апсолутно сеедно е... сакаш во место загревај, сакаш вози на пониски обртаи, твој личен избор е и пред се лично убедување... ништо подобро или полошо и во двата случаи... временски само кога се вози, побрзо се загрева моторот, наспроти дремењето и во лер да работи...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1551 на: 08 Февруари 2015, 16:11:11 pm »
Јас на најлодното -10 кога е повеќе од 30 секудни никогаш не ја оставам во лер!

Отсутен ivanov99

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1552 на: 08 Февруари 2015, 23:45:35 pm »
Благодарам за одговорите

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34115
  • Таков е животот... јебига
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1553 на: 09 Февруари 2015, 00:09:12 am »
Ако префрлањето од бензин на плин се случува на одредена температура (да речеме 40 степени) тогаш сеедно ти е дали до 40 степени ќе дојдеш со стоење или со возење.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1554 на: 09 Февруари 2015, 23:25:29 pm »
Јас секоја зима кога фаќа ладното си ставам картон на ладникот за побрзо да ми крева температура иако нормално ми крева температура колата и термостатот ми е исправен.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1555 на: 09 Февруари 2015, 23:43:02 pm »
Јас секоја зима кога фаќа ладното си ставам картон на ладникот за побрзо да ми крева температура иако нормално ми крева температура колата и термостатот ми е исправен.
тоа ти е исто како за секој случај во јули кога ке тргаш на одмор со себе да земеш ланци за снег.... иако идеш со автобус...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3817
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1556 на: 09 Февруари 2015, 23:50:16 pm »
hahahaha golema e vaa  ;D ;D

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1557 на: 11 Февруари 2015, 12:59:43 pm »
Здраво Плимонт,
последниов месец-два приметив драстично поголема потрошувачка на бензин, при нормално користење како и претходно. Претпоставував дека залади, па ајде повеќе време му треба да загрее. Тек вчера приметив дека при заграна кола, автоматски си се префрла на бензин, тера некои две минути на бензин и се префрла на плин. Па пак тера две-три минути и пак на бензин ќе си се префрли. И така тоа во круг :)

Во целиот период се полни плин и бензин од истата бензинска, истата пумпа (ЛукОил кај техногас во Влае).

Дали можно е до плинот да е, да пробам прво со друга бензинска, или треба некое штелување на системот. Инаку се работи за Даеву Нубира, систем Стаг.

Поздрав

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1558 на: 11 Февруари 2015, 16:57:20 pm »
Здраво плимонт,

Ме интересира од вашето големо искуство со плински уреди на секакви марки, модели на возила и различни мотори, која марка/модел/мотор на автомобил би ја посочиле како нај доверлива на плин со која сте имале искуство еве над 2004 година.
И колкав е векот на моторот доколку постојано се вози на плин како примарно гориво, дали може да се поминат 200.000 км само на плин, нормално тука влегува палење на бензин и дозирање на бензин на високи обртаи за превентива дури и ако моторот не е еден од критичните.

Голем поздрав до вас...

Повеќето возила со бензиски мотор од поново производство сосема добро работат на плински погон, така да навистина е тешко да се издвои некој бренд или модел. Доколку веќе разгледувате некои модели , пишете ни, ќе се обидеме да посочиме со кој од нив имаме најдобри искуства.
Сепак би сакале да Ве запознаеме дека цените на плинските уреди зависат од типот на моторот, така да доколку набавите возило со 6 или 8 цилиндерски мотор, цената за вградување на плински уред ќе биде значително повисока од цената на плински уред за возило со стандарден 4-цилиндерски мотор. Истото се однесува и на новата генерација на бензиски мотори со директно вбризгување (FSI, TSI, GDI, DIRECT, VTI, DI), за кои се предвисени посебни 'direct injection" плински уреди, и кои се со цена од околу 1100 евра.

Отсутен MarkoS

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 207
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1559 на: 11 Февруари 2015, 19:32:55 pm »
Здраво плимонт,

Ме интересира од вашето големо искуство со плински уреди на секакви марки, модели на возила и различни мотори, која марка/модел/мотор на автомобил би ја посочиле како нај доверлива на плин со која сте имале искуство еве над 2004 година.
И колкав е векот на моторот доколку постојано се вози на плин како примарно гориво, дали може да се поминат 200.000 км само на плин, нормално тука влегува палење на бенlзин и дозирање на бензин на високи обртаи за превентива дури и ако моторот не е еден од критичните.

Голем поздрав до вас...

Повеќето возила со бензиски мотор од поново производство сосема добро работат на плински погон, така да навистина е тешко да се издвои некој бренд или модел. Доколку веќе разгледувате некои модели , пишете ни, ќе се обидеме да посочиме со кој од нив имаме најдобри искуства.
Сепак би сакале да Ве запознаеме дека цените на плинските уреди зависат од типот на моторот, така да доколку набавите возило со 6 или 8 цилиндерски мотор, цената за вградување на плински уред ќе биде значително повисока од цената на плински уред за возило со стандарден 4-цилиндерски мотор. Истото се однесува и на новата генерација на бензиски мотори со директно вбризгување (FSI, TSI, GDI, DIRECT, VTI, DI), за кои се предвисени посебни 'direct injection" плински уреди, и кои се со цена од околу 1100 евра.

Ви благодарам многу на одговорот Плимонт, да, се интересирам за градско количе кога ќе имам конкретен модел на памет ќе ви пишем да ме посоветувате за плински уред. :)