Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 890080 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1170 на: 17 Јуни 2014, 13:04:07 pm »
Пошто возам јапонец (Лансер 1.5) со исти симптоми, ќе ја искористам приликава да ти одговорам јас колку знам, а потоа секако дека дечките од Плимонт ќе ти одговорат се’ што е и како е.

Цитат
Здраво. Ме интересира вградување на плински уред во Тојота Аурис, 2007 година (1.4 VVTi, 97bhp).

1. Се јавив во Тојота и сервисерот не ми препорачува да се вгради плински уред, голема била веројаноста да се оштетат клипови, веќе имале таков случај. Но нели за тоа служи капалката, да го регулира доводот на масло?

Не треба да се вложува толкава доверба и во капалката. Да, таа си има функција за подмачкување/разладување на вентили, но не треба да се прецени. Голема е веројатноста за оштетување, ако не водиш соодветна грижа за возилото, имајќи предвид дека врз него е направена „операција“ која го вади од „удобната“ зона.

Цитат
3. И последниот одговор кажува да не се оптеретува возилото на високи обртаи при работа на плин, а имам слушнато и на „улица“ дека над 120 не би требало да се вози. Може ли некој да дообјасни околу ова?

Дефинитивно не е препорачливо да се вози подолги далечини на високи обртаи. 120 км/ч не е на толку високи обртаи ;) Би му дошло, ако идеш за Белград (~400 км) и возиш нормално (~120-130 км/ч), нема да имаш никаков проблем. Ако идеш за Белград и газиш цело време, ама онака прописно стискаш, и на отворено упорно тераш над 4500 обртаи, онда сосема е можно да си предизвикаш проблем.

Кај мене кога го стававме уредот, тестиравме на обиколница за притисок, вбризгување, мешање на смеса итн итн... Колата без проблем си тераше преку 130, и во моменти на одржување на брзина (~150 км/ч) си работеше само на плин. Да напоменам дека кај мене е наштелувано при посилни забрзувања и на повисоки обртаи, да пљука и бензин, да не е само на плин. Промената плин/бензин и обратно додека возиш, не се осеќа воопшто, нема нити сецкање, нити ништо. Едноставно си вози :)

Оштетувањата кои имаат настанато кај некои возила, најчесто (преку 90% од случаите) се последица од несоодветно однесување и (не)намерна небрежност на возачот кон возилото.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен aurto

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1171 на: 17 Јуни 2014, 13:41:15 pm »
...ќе ја искористам приликава да ти одговорам јас колку знам
Фала многу на одговорот, лично искуство е секогаш подобро во однос на презентирани податоци.

Според она што се расчитав, генералниот консензус за евентуални оштетувања е како што спомна негрижа на сопственикот и „мајсторот“ кој го вградил уредот.

Сеуште се двоумам, но повеќе влечам дела ќе инсталирам плин со оглед што возам доста.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1172 на: 17 Јуни 2014, 13:51:40 pm »
Кога ќе инсталираш, ќе се пцуеш себеси зашто порано не си се одлучил на таков чекор, особено поради тоа што, како што кажуваш, поминуваш поголема километража.

Јас првично немав исплатливост, пошто живеам во Центар, па најчесто преферирам да не користам кола, освен ако ептен не ми треба. Арно ама, после ми улета шанса што ќе беше грев да се пропушти, па се сторив со плински уред. И да бидам искрен, многу е убаво кога еве на пример, ќе отидеш до Банско и назад, и ќе те кошта 1500 денара сосе патарини :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
  • Сузуки Витариче
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1173 на: 17 Јуни 2014, 14:11:20 pm »
Здраво. Ме интересира вградување на плински уред во Тојота Аурис, 2007 година (1.4 VVTi, 97bhp).

1. Се јавив во Тојота и сервисерот не ми препорачува да се вгради плински уред, голема била веројаноста да се оштетат клипови, веќе имале таков случај. Но нели за тоа служи капалката, да го регулира доводот на масло?

2. Плимонт нудат повеќе типови на уреди, кој би бил прикладен за инсталација на гореспоменатиот модел?

3. И последниот одговор кажува да не се оптеретува возилото на високи обртаи при работа на плин, а имам слушнато и на „улица“ дека над 120 не би требало да се вози. Може ли некој да дообјасни околу ова?

4. Дали треба на нешто да се обрне внимание пред инсталација на плинскиот уред во возилото? Пример мојов Аурис има мало резервно тркало, но мислам дека просторот е поголем од истото, колкава боца би се вградила на тоа место?

Однапред ви благодарам на одговорот!

Јас ги имам истите прашања бидејќи размислувам за вградување на плински уред во Mitsubishi Colt 1.3 од 2007 (мотор 4А90 - според сите листи подложен на Valve Seat Recesssion (VSR)).
Се јавив и во Плимонт и во Кар Систем и советите се идентични на горните.
Дополнително во Кар Систем ми понудија електронска капална, која за разлика од стандардната, треба истата зашитита да ја обезбедува и на високи втрежи (над 3000-3500). Сепак цената во тој случај е повисока за 100-150е. Се работи за LPGTech плински систем.

Совети?
Потпис.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1174 на: 17 Јуни 2014, 14:18:49 pm »
Кај мене е малтене истиот мотор, со малку повеќе зафатнина (кодот му е 4А91). Јас ставив Ланди Омегас Ево во Плимонт, со „регуларна“ капалка. Кога прашував во Кар Систем, исто ми понудија LPGTech, во неколку различни варијанти, но не ми понудија варијанта со електронска капалка. Не знам дали и колку е подобра таа во однос на „регуларнава“.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1175 на: 17 Јуни 2014, 14:21:31 pm »
Здраво. Ме интересира вградување на плински уред во Тојота Аурис, 2007 година (1.4 VVTi, 97bhp).

1. Се јавив во Тојота и сервисерот не ми препорачува да се вгради плински уред, голема била веројаноста да се оштетат клипови, веќе имале таков случај. Но нели за тоа служи капалката, да го регулира доводот на масло?

2. Плимонт нудат повеќе типови на уреди, кој би бил прикладен за инсталација на гореспоменатиот модел?

3. И последниот одговор кажува да не се оптеретува возилото на високи обртаи при работа на плин, а имам слушнато и на „улица“ дека над 120 не би требало да се вози. Може ли некој да дообјасни околу ова?

4. Дали треба на нешто да се обрне внимание пред инсталација на плинскиот уред во возилото? Пример мојов Аурис има мало резервно тркало, но мислам дека просторот е поголем од истото, колкава боца би се вградила на тоа место?

Однапред ви благодарам на одговорот!

Искуство од прва рака.

Јас ставив плин на Аурис со мотор како твојот, дури и исто годиште се колите.

Во Тојота и мене ми го кажаа истото што и на тебе, дека страдале вентилите, и дека ако сакам да ставам мора да има капалка, иако скоро сите понови системи самите си имаат заштита, така да капалката и не е толку неопходна.

Сега за сега е ОК, терам скоро 8.000 км откако го ставив плинот, се надевам така ќе биде и понатака.

Каква и да ставиш боца, подот од гепекот ќе ти подига за 5 см. Јас имам ставено боца од 47 литри, која ја немам наполнето повеќе од 41-2 литра.(не собира повеќе)

Отсутен ace_banja89

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 58
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1176 на: 17 Јуни 2014, 15:40:05 pm »
Искуства со вградување на плински уред на Fiat Punto 1.2. 16V од 2000год.

Отсутен aurto

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1177 на: 17 Јуни 2014, 15:59:21 pm »
Фала на сите за коментарите и искуството. Ќе споделам и јас некое искуство понатаму.

Сега за сега е ОК, терам скоро 8.000 км откако го ставив плинот, се надевам така ќе биде и понатака.

Каква и да ставиш боца, подот од гепекот ќе ти подига за 5 см. Јас имам ставено боца од 47 литри, која ја немам наполнето повеќе од 41-2 литра.(не собира повеќе)
Кај тебе има капалка? Ова со брзиниве ме замислува, не дека јас ја газам нешто посебно, ама стандард ми е 120-140 на автопат.. 47 литри е стандард за Аурисов или ти таква зема?

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1178 на: 17 Јуни 2014, 22:19:35 pm »
Има капалка кај мене, плус е подесено од 3.800 вртежи па нагоре па пушта по малку бензин.
Секоја боца ќе ти подига, барем мене така ми објаснија, сите се иста висина, разликата е во дијаметарот, најголема што собира кај резервното тркало е 47 литарска.

А на отворено и јас не практикувам да ја возам повеќе од 110 на плин, не дека не ја возам нели, минатиот викенд бев на југ па ја возев  130 - 150 таму кај што можеше. И малку бев резервиран поради тоа, затоа нареден пат на тие делници кај што може да се вози побрзо ќе возам на бензин, клисурите и магистралните патишта на плин.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1179 на: 19 Јуни 2014, 11:09:45 am »
Кај мене е малтене истиот мотор, со малку повеќе зафатнина (кодот му е 4А91). Јас ставив Ланди Омегас Ево во Плимонт, со „регуларна“ капалка. Кога прашував во Кар Систем, исто ми понудија LPGTech, во неколку различни варијанти, но не ми понудија варијанта со електронска капалка. Не знам дали и колку е подобра таа во однос на „регуларнава“.

Здраво. Ме интересира вградување на плински уред во Тојота Аурис, 2007 година (1.4 VVTi, 97bhp).

1. Се јавив во Тојота и сервисерот не ми препорачува да се вгради плински уред, голема била веројаноста да се оштетат клипови, веќе имале таков случај. Но нели за тоа служи капалката, да го регулира доводот на масло?

2. Плимонт нудат повеќе типови на уреди, кој би бил прикладен за инсталација на гореспоменатиот модел?

3. И последниот одговор кажува да не се оптеретува возилото на високи обртаи при работа на плин, а имам слушнато и на „улица“ дека над 120 не би требало да се вози. Може ли некој да дообјасни околу ова?

4. Дали треба на нешто да се обрне внимание пред инсталација на плинскиот уред во возилото? Пример мојов Аурис има мало резервно тркало, но мислам дека просторот е поголем од истото, колкава боца би се вградила на тоа место?

Однапред ви благодарам на одговорот!

Јас ги имам истите прашања бидејќи размислувам за вградување на плински уред во Mitsubishi Colt 1.3 од 2007 (мотор 4А90 - според сите листи подложен на Valve Seat Recesssion (VSR)).
Се јавив и во Плимонт и во Кар Систем и советите се идентични на горните.
Дополнително во Кар Систем ми понудија електронска капална, која за разлика од стандардната, треба истата зашитита да ја обезбедува и на високи втрежи (над 3000-3500). Сепак цената во тој случај е повисока за 100-150е. Се работи за LPGTech плински систем.

Совети?

Velestrumf I kalimero veke objasnija se za potrebata od dopolnitelna zastita na ventilite.
Bi sakal da naglasam deka kapalkata-dozatorot ne e sostaven del na plinskiot sistem, tuku e komponenta (od drug proizvoditel) koja po potreba se instalira na voziloto. Vo Plimont se resivme voopsto da ne nudime elektronska kapalka. Odlukata e od pred 4-5 godini, otkako testiravme elektronski kapalki na poveke vozila, od koi 5 bea na taksi kompanija I se testiraa na podolg rok.  Rezultatite pokazaa deka elektronskata kapalka voopsto ne e poprecizna od standardnata I ne ja opravduva tri pati povisokata cena.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1180 на: 19 Јуни 2014, 11:15:14 am »
Искуства со вградување на плински уред на Fiat Punto 1.2. 16V од 2000год.

Od nasa strana mozam da kazam deka 1.2 16v e motor koj sosem dobro se odnesuva na plinaki pogon. Iako ne e tolku cest kaj Punto kako 1.2 8v, sepak sme imale dosta Fiat-ovi vozila so ovoj motor, dosega ne se zabelezani problemi.

Отсутен ace_banja89

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 58
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1181 на: 26 Јуни 2014, 13:36:53 pm »
EASYGAS или Smart Lovato

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1182 на: 27 Јуни 2014, 08:25:52 am »
EASYGAS или Smart Lovato

Gledano od nas aspekt, ili "sto nie bi postavile" vo Vaseto punto , toa bi bil uredot  Landi Omegas Evo,  Se raboti za izvonreden ured, koj odlicno se pokaza I vo motorite na Fiat grupacijata. Za pomalku od 10 meseci vo Makedonija e vgraden vo nad 1400 vozila, dosega sme prezadovolni od nego. Cenata na Omegas Evo e 570 evra-vo kombinacija so torusen rezervoar.

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1183 на: 27 Јуни 2014, 10:26:43 am »
Дали вградувате плински уред на мотор?
;)

Отсутен ace_banja89

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 58
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1184 на: 27 Јуни 2014, 11:48:57 am »
EASYGAS или Smart Lovato

Gledano od nas aspekt, ili "sto nie bi postavile" vo Vaseto punto , toa bi bil uredot  Landi Omegas Evo,  Se raboti za izvonreden ured, koj odlicno se pokaza I vo motorite na Fiat grupacijata. Za pomalku od 10 meseci vo Makedonija e vgraden vo nad 1400 vozila, dosega sme prezadovolni od nego. Cenata na Omegas Evo e 570 evra-vo kombinacija so torusen rezervoar.

dali davate na rati i ako davate na kolku rati i  preku koja banka