Генерално гледано, проблеми со вентилите има кај јапонските возила, кога се возат на високи вртежи.
Проблемите околу вентилите, а и самите списоци кои се постирани на форумов, се реалност ако се постави метански уред. Проблеми со возилата на кои се поставени ЛПГ уреди не се детектирани.
Кај Дени, самиот плински уред (Ланди Плус Макс) на високи вртежи го дохранува моторот и со мала количина на бензин (неосетно на потрошувачката), а може да се сетира над одредено ниво на вртежи моторот да работи само на бензин. Недостаток на овој начин на програмирање на плинскиот уред е кога се вози константно со приближни вртежи на границата за преод од едно на друго гориво можно е за краток период префрлувањето да се случи повеќе пати, што ќе резултира со благо цимање на возилото
Повторно да се навратам на проблемот со вентилите, искуството во соседна Бугарија каде и мрежата на метански пумпи е добро развиена, проблемите со прегревање на вентилите се јавуваат кога се вози на метан