Здраво
@Винер Осигурување Бидејќи ова е еден начин на комуникација со клиентите, еве го моето искуство за да можат и остантите да го прочитаат.
1. Пред неколку години протекување на вода во недвижност, по увид на ваш проценител добив одговор: „штетата настанала како резултат на протекување и пропусти при изведба на фасадна столарија односно изведените фасадни отвори”. Сето ова би било смешно доколку не е трагично, бидејќи на тие ѕидови не постои ниту еден прозор или врата. " После на второстепена комисија се корегираше проценката на штета и штета беше исплатена.
2. Пред неколку месеци протекување на вода - проценителот на лице место се лигавеше и глумеше финоќа - ќе обештетиме, се е ок. Нормално, стигна писмо дека нема да се исплати штета поради глупав изговор кој не држи вода. Пак писмо до второстепена. На крај стигна обесштетување.
3. Пред неколку дена оштетување на фасада, прозори и ѕидови. Проценителката Моника - крајно дрска и безобразна зема влажно марамче и почнува да ја чисти пластиката на прозорите за да покаже дека рамките не трeба да се менуваат туку само прозорите (кои се пукнати). Ѕидовите биле за кречење до половина висина - тешка глупост - кај нејзе дома може и 1/3 од висината на ѕидот да бојадисува, кај мене не. Фасадата не требало да се фарба туку само да се исчисти ќе се платела чистачка.
Бидејќи очигледно проценителите ви се
тотални идиоти, и после секоја штета треба челични нерви за да се докаже со вас дека штета имало и треба да се исплати, што впрочем вам како осигурителна компанија тоа ви е работа,
повеќе ваш клиент нема да бидам ниту јас, ниту блиските, и како завршуваат полисите наши пари повеќе нема никогаш да добиете.
Осигурителна компанија зема пари за да осигура имот, а кога ќе има штета
да ИСПЛАТИ осигурена сума, не да мудрува и да бара начини како нешто да не исплати. Овој концепт ви е повеќе од јасен, но сакам и остантите форумџии да го имаат предвид кога следен пат ќе дојдат на темава.
Ако ве интересира кој сум јас и што се е осигурано кај вас (до истекот на полисата и ни ден повеќе) слободно пишете ми во приватна порака и ќе ги добиете сите генералии, за да можете на безобразната проценителка Моника и на другиот лепотан проценител да им се заблагодарите за губењето на клиенти.
ПС Секој кој продава полиси од друга компанија слободно може да ми пише во пп за да ми продаде нови полиси.