Автор Тема: Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување  (Прочитано 172265 пати)

Отсутен antibiotic1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 302
  • МАЗДАШ
@Винер Осигурување  Дали ке може една клаберска понуда за каско за  мазда 6 2014 2.2д Revolution ниво на опрема , возилото било под каско и претходно , првите 5 години но од претходнио газда а незнам каде, инаку јас сум газда од пред 2-3 недели.
Инаку кај вас сум со старото возило за АО некои 3-4 години и со осигурање за станот више 2год.
Old Mazda's never die, they just get faster.

Отсутен Винер Осигурување

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
@Винер Осигурување  Дали ке може една клаберска понуда за каско за  мазда 6 2014 2.2д Revolution ниво на опрема , возилото било под каско и претходно , првите 5 години но од претходнио газда а незнам каде, инаку јас сум газда од пред 2-3 недели.
Инаку кај вас сум со старото возило за АО некои 3-4 години и со осигурање за станот више 2год.


Здраво

Ве молам да ни пратите слика/скен од сообраќајната дозвола во порака, може да ни го пишете и маилот на кој да Ви ја пратиме понудата.

Поздрав
Тука сме за сите прашања поврзани со осигурувањето :)

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Здраво Винер,кое е работното време на подружницата во Кавадарци,потребен ми е зелен картон а до 14ч сум на работа.Некој пост наназад имате наведено дека чине околу 5500ден,име измена или сеуште е таа?
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Винер Осигурување

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Здраво Винер,кое е работното време на подружницата во Кавадарци,потребен ми е зелен картон а до 14ч сум на работа.Некој пост наназад имате наведено дека чине околу 5500ден,име измена или сеуште е таа?

Почитувани

Годишен (до истек на регистрација) Зелен картон за патничко возило над 66 киловати чини 5.536 денари.
Во Кавадарци има две филијали:
- ул.4 Јули бр.14
- 29 Ноември бр.26

Работно време на истите е од 08 до 16 часот.

Поздрав
Тука сме за сите прашања поврзани со осигурувањето :)

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Благодарам на инфото,само што го извадив картонот.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Поклончето стигна

Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
@Винер Осигурување ve molam info za full kasko so fransiza od 500 evra dali gi pokrivata staklata komplet ili se racunaat vo fransiza.

Kako da vi pratam podatoci, do sega kolata imase kontinuirano kasko prvo vo Sava pa Halk (8 godini ist sopstvenik od nova). Da vi ja pratam poslednata polisa?
Sega baram ponuda ko da vise/manje :)

Отсутен Винер Осигурување

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
@Винер Осигурување ve molam info za full kasko so fransiza od 500 evra dali gi pokrivata staklata komplet ili se racunaat vo fransiza.

Kako da vi pratam podatoci, do sega kolata imase kontinuirano kasko prvo vo Sava pa Halk (8 godini ist sopstvenik od nova). Da vi ja pratam poslednata polisa?
Sega baram ponuda ko da vise/manje :)

Здраво @M3V8

Полисата за каско осигурување со франшиза ги покрива стаклата во целост, односно франшизата не се однесува на кршење на стакла.
Може тука во ПП да ни пратите сообраќајна дозвола од возилото или пак стара каско полиса и веднаш Ќе ви пратиме понуда.

Поздрав
Тука сме за сите прашања поврзани со осигурувањето :)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Здраво @Винер Осигурување

Бидејќи ова е еден начин на комуникација со клиентите, еве го моето искуство за да можат и остантите да го прочитаат.

1. Пред неколку години протекување на вода во недвижност, по увид на ваш проценител добив одговор: „штетата настанала како резултат на протекување и пропусти при изведба на фасадна столарија односно изведените фасадни отвори”. Сето ова би било смешно доколку не е трагично, бидејќи на тие ѕидови не постои ниту еден прозор или врата. " После на второстепена комисија се корегираше проценката на штета и штета беше исплатена.

2. Пред неколку месеци протекување на вода - проценителот на лице место се лигавеше и глумеше финоќа - ќе обештетиме, се е ок. Нормално, стигна писмо дека нема да се исплати штета поради глупав изговор кој не држи вода. Пак писмо до второстепена. На крај стигна обесштетување.

3. Пред неколку дена оштетување на фасада, прозори и ѕидови. Проценителката Моника - крајно дрска и безобразна зема влажно марамче и почнува да ја чисти пластиката на прозорите за да покаже дека рамките не трeба да се менуваат туку само прозорите (кои се пукнати). Ѕидовите биле за кречење до половина висина - тешка глупост - кај нејзе дома може и 1/3 од висината на ѕидот да бојадисува, кај мене не. Фасадата не требало да се фарба туку само да се исчисти ќе се платела чистачка.

Бидејќи очигледно проценителите ви се тотални идиоти, и после секоја штета треба челични нерви за да се докаже со вас дека штета имало и треба да се исплати, што впрочем вам како осигурителна компанија тоа ви е работа, повеќе ваш клиент нема да бидам ниту јас, ниту блиските, и како завршуваат полисите наши пари повеќе нема никогаш да добиете.

Осигурителна компанија зема пари за да осигура имот, а кога ќе има штета да ИСПЛАТИ осигурена сума, не да мудрува и да бара начини како нешто да не исплати. Овој концепт ви е повеќе од јасен, но сакам и остантите форумџии да го имаат предвид кога следен пат ќе дојдат на темава.

Ако ве интересира кој сум јас и што се е осигурано кај вас (до истекот на полисата и ни ден повеќе) слободно пишете ми во приватна порака и ќе ги добиете сите генералии, за да можете на безобразната проценителка Моника и на другиот лепотан проценител да им се заблагодарите за губењето на клиенти.

ПС Секој кој продава полиси од друга компанија слободно може да ми пише во пп за да ми продаде нови полиси.
« Последно менување: 30 Април 2022, 00:23:41 am smole »

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Ние со @винер осигурување сме на суд. Во меѓувреме додека трае судската постапка, Триглав осигурување ни исплати штета без никаков приговор за ист таков случај.

Во еден технички преглед пробаа да ме купат со поклонче од 2-300 денари да изберам винер, ама фала не треба. Самото тоа купување клиенти со поклончиња од 5 евра говори доволно. ;D

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Ние со @винер осигурување сме на суд. Во меѓувреме додека трае судската постапка, Триглав осигурување ни исплати штета без никаков приговор за ист таков случај.

Во еден технички преглед пробаа да ме купат со поклонче од 2-300 денари да изберам винер, ама фала не треба. Самото тоа купување клиенти со поклончиња од 5 евра говори доволно. ;D

Еднаш мислев да прејдам во Триглав, можеби сега ќе ги изберам нив.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Според мене триглав и сава моментално ми се некако најпрофесионални

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Највеќе зависи на каков лик ќе налеташ.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Највеќе зависи на каков лик ќе налеташ.

За волја на вистината агентката која ми ги продава полисите е скроз ок, само пофални зборови за неа имам.

Исто така и многу од луѓето во дирекција се пословни и на место, ама проценителите им се ужас.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Јас лани со Винер непотребно користев мозок.

Среќа што фискалната сметка ја чував од АО. На пишан мој меил, не ми ни одговорија, туку пак стигна опомена. Морав јас лично да губав време за да им докажувам.

Како најфер осигурителна би ги додал и Еуролинк.