Да ја претставам мојата втора кола: Punto 1.3 Multijet, од 2004 година. Увезена од Италија со кобајаги реални 131.000км поминати, од прва газдарица (стандард за сите половни коли нормално
). Купена завчера, а вчера е сменето уљето и филтерот за уље, ставено е 3 литра Selenia WR 5W-40. Моментално ги чекам таблиците и сообраќајната па кога ќе бидат готови ќе пишам и нешто за вожњата итн. Е сега јас претходно 3 години возев Punto 55 S од 1998 па сега ќе морам малку да се привикнам на дизел бидејќи има година дена од кога последен пат возев дизел, во авто школа. Инаку од 55ката сум задоволен, и поминавме 36.500км со татко ми за 3 ипол години, без големи механички проблеми до пред да ја продадеме, меѓутоа колата имаше голем проблем со корозија бидејќи беше увезена од Словенија, а мене најмногу ми пречеше тоа што немаше сказалка за температура на вода бидејќи кај пунтовците до 2003 тоа е дел од дополнителната опрема, што воопшто не ми се допаѓа - според мене сите коли треба да имаат ваков мерач сериски. Заради тоа и ја продадовме 55ката, бидејќи се расипа термостатот и светна сијалицата за температура што на крај го поеба моторот бидејќи во уљето влезе вода. Од 2003 па навака сите пунтовци сериски си имаат ваков мерач па за разлика од сијалицата која кога ќе засвети е предоцна, овде може да се спречи кревањето на толкава температура многу порано ако е мерачот исправен (а и да не е, пунтовците од 1999 па навака си имаат OBD каде може да се приклучи блутут адаптер преку кој може да се следат сите податоци од ECUто на телефон па во секој случај е сигурна работа). Околу поновава кола, лимот на задниот лонец е скапан и ќе оди на крпење кога ќе ги земам таблиците. Има неколку мали гребнатинки и на едно место е малку излупена бојата па најверојатно ќе се однесе негде да го шприцнат малце на тоа место. Задната десна раткапна е малку потскршена, ама тоВа не е ништо страшно. Други слични видливи оштетувања нема.
Технички карактеристики:
Мотор: 4 цилиндри, 16 вентили, турбо дизел common-rail, DOHC
Зафатнина: 1248 ccm
Моќност: 70 hp/4000 rpm
Макс. вртежен момент: 180 Nm/1750 rpm
Забрзување од 0-100 km/h: 13.4 s.
Макс. брзина: 164 km/h
Маса: 980 kg
Менувач: 5 брзини
Гуми: 165/70 R14 81T
Од опрема поседува:
Електрика на предни стакла
Централна брава со далечинско
City серво волан подесив по висина
2 воздушни перници
Клима со филтер за полен
ABS
Магленки
Борд компјутер
Обртомер
Радио со ЦД + MP3
6 звучници
Браници во боја на каросерија (т.е. лакирани, оти секако би биле црни на црна кола)
5 врати
Еве и неколку слики од колата: