Се работи за возилото на жена ми. На излегување од работа кај плоштад(зградата на МЕПСО каде се градат 4 згради во моментов и каде нема пешачка патека, а колите се паркираат на улица) при разминување камион ја закачи за браник, па во обид да се врати го откорна браникот. Значи жена ми застана за да го причека камионов да изманеврира, ама овој не процени ситуација и ја поткачи со странична преграда, па на враќање ја еб* работата и го окторна браникот, го загреба крилото и ги скрши држажите на фарот.
Од осигурителна ме пратија во Мерцедес(глуп, ги послушав, а некој од таму класично лапа процент од поправка), го оставив возилото, па ме еб*ваа наваму натаму да носам, фактура и незнам што. Кога беше готова колата требало да пратат гарантно писмо и незнам што и ми се јавува некој од осигурителна ми вика пративме гарантно писмо на 50% од фактурата(50К денари), другото ќе треба да си го платите. Онака, не ми се веруваше што слушам, прво го направив пепел по телефон, па отидов во живо да се разберам. Класика македонска, си пробаа АПП, па морав да пишам приговор и пак да објаснувам ситуација која веќе им е ојбаснета. И по 30 дена, комисја од бандити носи одлука која ми ја праќа на непостоечка адреса, според која ми се одбива жалбата под глуп изговор дека наводно жена ми не се движела до десен раб. Тоа е невистина и глупа измислица од нивна страна бидејќи во моментот на ударот жена ми стоела во место и го чекала камионов да изманеврира, а од друга страна е невозможно на тие улучки да се прилепиш до десен раб поради тоа што пешаците се движат на улица затоа што пешачките патеки се преградени, а дополнително на улица има паркирани коли. Следи тужба од наша страна, колку сака нека кошта, јас ќе одам до крај.
Моја најтопла препорака: ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЈА ОВАА БАГРА ОД РЕКЕТАРИ ВО НАЈШИРОК ЛАК! ДОКОЛКУ ИМАТЕ ШТЕТА НЕМА ДА ВE OБЕЗШТЕТАТ ТУКУ ЌЕ ВЕ НАТЕРААТ ДА ЈА НОСИТЕ КОЛАТА ВО СЕРВИС ОД КАДЕ СИГУРНО НЕКОЈ ЛАПА ПРОВИЗИЈА И ЌЕ ВИ ПЛАТАТ САМО 50% ОД ШТЕТАТА КОЈА ТРЕБА ВО ЦЕЛОСТ ДА ВИ ЈА ИСПЛАТАТ!!!