Гојдо,
И Банза ќе потврди, амортизацијата нема никаква врска со висината на оштетата. Тоа е само пуштен муабет од осигурителниве компании за да ги лажат неуките луѓе. Има пресуда од Врховен суд во сличен случај со кој се потврдува ова и е судска пракса.
Ова не важи само во случај доколку повторно истото место е оштетено (пример два пати лево крило од кола) за што нормално си има записници од историјата на колата.
Терај до крај, имавме слично искуство со Инсинг пред околу 2 години, не оди кај било кој адвокат, жена ми пошо правник и дирекно засегната сама ја спреми тужбата. Епилогот е после 1 година исплатена штета во целост. Ако е колата на име на фирма можете и оштета за некористење да барате али во случајов вие сте ја средиле одма. Откако сфатија копилињата од Инсиг дека озбилна е работата сакаа вонсудски да се спогодата али одбивме. Криво ми е до ден денес што со пресудата не отидовме одма кај извршител па плус да плаќаат, али имаше некоја одредба во Пресудата дека во рок од ХХ дена треба да исплатат.
Така да терај само, а ако случајно имаш некој во суд не се воздржувај да се осигураш дека копилињата и таму ќе пробаат нешто.
Во целиов случај, не напиша или јас сум испуштил да прочитам, дали возачот на камионот ја признал штетата?