Автор Тема: Тресење на моторот при поагресивно кочење  (Прочитано 3672 пати)

Отсутен munja

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 109
Одг: Тресење на моторот при поагресивно кочење
« Одговори #15 на: 26 Март 2016, 17:34:17 pm »
Точен одговор од Струмица сум,инаку во нромално кочење го нема проблемот.Инаку  не се јавува секогаш од порано се случувало пример на 10 кочење еднаш да направи така а сега се почесто.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Тресење на моторот при поагресивно кочење
« Одговори #16 на: 26 Март 2016, 17:58:48 pm »
извини.. да те потпрашам само.. плин на колата имаш? ако е да, дали е на плочка? ако и тоа е да, до плинот ти е... пробај на бензин, ке го нема тоа... имам решење за тебе, и тоа во струмица ке ги го решиш за ситни пари... само потврди прво погоре двете прашања...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен munja

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 109
Одг: Тресење на моторот при поагресивно кочење
« Одговори #17 на: 26 Март 2016, 18:07:13 pm »
Немам плин друже на бензин ја возам.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Тресење на моторот при поагресивно кочење
« Одговори #18 на: 26 Март 2016, 23:33:37 pm »
значи ако на бензин ти го прави ова, тогаш поприлично сум сигурен дека степ моторот за лер гас не ти е исправен. да речеме 90% сум сигурен. чим има тресење додека возиш/кочиш на таа брзина, со пуштена гас, степ моторот не ги регулира доволно брзо обртаите т.е. не реагира како што треба, бидејки додека се движиш низ усисот навлегува поише воздух одошто треба, моторот се гуши во недостаток од гориво за таа количина и тресе.. ефектот е ист како на плински уред со плочка, каде што (еве го евтиниот момент за решавање) се додава дифузер на усисот...

кај тебе нај веројатно степ моторот касни или се кочи и постои една мноооогу мала шанса филтерот за воздух да не ти е баш нај соодветен т.е. не запира или задржува проток како што треба... јас би почнал/пробал од него, така што ке си купам по квалитетен оригинален, од сигурен извор дека е оригинален а не фејк запакуван во оригинална кутија.. ако со тоа не се реши, тогаш идам чекор даље да го испитам степ моторот...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Тресење на моторот при поагресивно кочење
« Одговори #19 на: 26 Март 2016, 23:57:58 pm »
ефектот е ист како на плински уред со плочка, каде што (еве го евтиниот момент за решавање) се додава дифузер на усисот...

А на бензин потоа како ке работи ? И јас го прашав на претходната страна дали има плински уред затоа што и кај мене ми вадеше слични симптоми, на кочење ги омалаксуваше вртежите, и потоа во лер цело време се тресе моторот, работи со недоволен број вртежи. Притоа со брзо друкање на кочницата во лер моторот гасеше.
Проблемот си го решив така што на самата расплињача, тоа кругот за регулирање на лер гас го подотворив за 1/2 и од тогаш до сега не ми се случило да ми работи немирно во лер, ниту на кочење, ниту пак со брзо друкање во лер.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Тресење на моторот при поагресивно кочење
« Одговори #20 на: 27 Март 2016, 00:06:31 am »
ефектот е ист како на плински уред со плочка, каде што (еве го евтиниот момент за решавање) се додава дифузер на усисот...

А на бензин потоа како ке работи ? И јас го прашав на претходната страна дали има плински уред затоа што и кај мене ми вадеше слични симптоми, на кочење ги омалаксуваше вртежите, и потоа во лер цело време се тресе моторот, работи со недоволен број вртежи. Притоа со брзо друкање на кочницата во лер моторот гасеше.
Проблемот си го решив така што на самата расплињача, тоа кругот за регулирање на лер гас го подотворив за 1/2 и од тогаш до сега не ми се случило да ми работи немирно во лер, ниту на кочење, ниту пак со брзо друкање во лер.

ете го магичниот момент што многу механичари неможат да го објаснат па викаат на шала (во обид да избегне директен одговор на прашање) дека моторот “некако како да се навикнува на плин“ па затоа на бензин работи по чудно, оние со карбуратори класични не ретко пресисуваат и троши бензин повише одошто порано... од тука и излегува муабетот дека плинот е “сув“ па заради тоа и карбураторот “изгорел“ од внатре заради сувиот плин...

како и да е, чим си одлучил да возиш на плин, на бензин и не ти значи многу дали ќе работи како што треба.. секако, сакаш и на двете да е ок, ама ако веќе мораш да бираш, тогаш бираш на плин да работи подобро, на бензин ионака ти е само за палење и тоа само во зимо... најчесто...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг:
« Одговори #21 на: 27 Март 2016, 00:31:23 am »
Dokolku islucis step motorce plin i drugi voobicaeni raboti proveri go servoto (bibanjot) da ne gubi vakum od negde, pritiskaja kocnicata brzo i vidi dali ke ima problem.

Отсутен munja

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 109
Одг: Тресење на моторот при поагресивно кочење
« Одговори #22 на: 28 Март 2016, 16:13:41 pm »
Моментално сум многу зафатен инаку последните 2 дена ги нема тие симптоми така да има логика степ моторот да заглавува(затајува) кога ке се ослободам ке го исчистам и ке пишам што како инаку во лер во место нема никаков проблем.

Отсутен munja

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 109
Одг: Тресење на моторот при поагресивно кочење
« Одговори #23 на: 10 Април 2016, 13:15:22 pm »
Денес извадено моторчето во добра состојба беше но клапната беше прилично замастена ја исчистив и вратив се на место. Бидејки немам обратомерар некако по осет ми стоеше дека моторот во лер гас работи на малку обратаи па ги покачив малку обратаите и после првотво возење резултатот е одличен за понатаму ке видиме што ке се случува.