Автор Тема: Машинска обработка на Авто и Мото делови  (Прочитано 13165 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
не се сеќавам дека ваква тема имало. ако има, нека ја спојат со постоечка некоја.

денес ми текна да го снимам клипчево, скратено е, т.е. скоро 6 минути е (нешто помалку од 6), кај што се рамни глава.

што се дешава кога ке проврие кола? во скоро сите случаеви, се појавува извесно деформирање на главата, која отстапува од 5 стоти па нагоре. имало случаеви и со 8 десети деформирање, зависно колку време е возена прегреана. Во повеќето случаеви, знае да измеша вода (антифриз) со масло, и тоа нај често е во еден правец, односно водата навлегува во маслото, што се прпознава така што на капачето од масло ке се фати “урда“ т.е. ке се појави една измешана смеса, бледо кафеава и реалитвно лигава, во форма на мали меури или грутки на самото капаче. ако се случи да отиде маслото во антифризот (другиот правец) тогаш тоа се препознава така што на казанчето за вода ке се налепат масни и темни-црни наслаги. мајсторот (машинецот) е Штраф од пинтија, а возилото е сработено од сервис Мехатроника. се работи за возило Citroen C5, бензинец со 2.000 цц машина, 4 цилиндри.

подготовоките и припремите на машината, не ги снимав, туку на финалето више, кога ги спремаа носачите-држачите за главата на машина кога ке се тури.


во овој случај немаше баш некое деформирање на главата т.е. според штраф, можело да пројде и така, доволно права е главата, но кога се работи за по сериозни искривувања, како што јас на пример успеав да искривам 4,7 десети, (околу 70 пати поише од ова на клипов) тогаш се препорачува и блокот да се израмни обавезно, бидејки и тој иако е масивен, сепак трпи деформирање, дефинитивно не колку главата, ама трпи.

следниот пост ке турам исто така, многу краток клип, на обработка на блок од мотор.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Машинска обработка на Авто и Мото делови
« Одговори #1 на: 16 Март 2016, 21:30:45 pm »
еве, овој клип е рамнење на блок од мотор. овде се рамни блок од дизел машина, поточно добро познатиот фордов блок ford diesel 1.8 вентура машина.

тоа што морам да го посочам да се знае, е дека во горниот клип рамнењето на главата е со ножеви, (два има на главата) а на ово клип е со камен. разликата е во тоа што се обработува. ако е алумин тогаш нож, а ако е гус (железен) тогаш е камен.


како и погоре, и тука машинистот е во сервис кај Штраф, само што овој пат авто сервисот е Сервис Боро.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Машинска обработка на Авто и Мото делови
« Одговори #2 на: 16 Март 2016, 21:36:48 pm »
и од мене за денес доста ќе биде со уште овој клип.

се работи за ДЕКЛА (не глава, туку декла) од KAWASAKI 1100R, поточно ZX11 машина. поради прегревање на моторот, главата се рамнеше ама и деклата, т.е. горниот полублок. не го турам клипот со рамнењето, бидејки погоре видовме обработка со нож, на алуминиум, овде само ке го видиме набивањето на хилзните под преса.


мајстори јас и мехатроника. работилницата (да не помисли некој дека рекламирам) кај Штраф во пинтија... јбг, не го рекламирам човекот, ама сите вакви зафати ги тераме кај него. човекот е опремен, ги има буквално сите машини и алати за обработка на било каков метал, а башка до гз ми е, со кола сум за 2-3 минути кај него со сите делови у гепек.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Машинска обработка на Авто и Мото делови
« Одговори #3 на: 16 Март 2016, 23:30:35 pm »
Не сум сретнал оваква тема...Многу интересна и опширна за дискутирање :)
Е сега оние што не знаат...
После рамнење на глава или блок, при монтажа треба да се стави соодветен дихтунг...
:)
Најбитна ствар на која незнам дали 10 до 15 % од мајсторите обрнуваат внимание.
И доколку не се обрне внимание, после кратко време, односно ако само се обработувала главата или блокот, и ставање на несоодветен дихтунг, односно соодветна дебелина, може да дојде до несакани последици...
:)
итн итн итн... :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Машинска обработка на Авто и Мото делови
« Одговори #4 на: 16 Март 2016, 23:41:08 pm »
кај нас сале, ретко кој од трговциве со делови, воопшто ја разбираат проблематиката... како што има во деловите прва, втора и трета специјала, така и кај дихтунзите има прв степен, втор степен и трет степен на преработка. исто така за секој од тие дихтунзи има спецификација како се стега, по процес целосен и за сите три типа на дихтунзи е различен. сега само што гледав употреба на БАКАРЕН дихтунг за глава. во животов не сум работел со таков, само сум гледал... имам работено и со железни, ама со бакарен не.. цела една филозофија е за таков дихтунг. стегаш на дредена килажа, па го олабавуваш цел, па пак стегаш на друга килажа, па почињаш еден по еден да ги пушташ (и тоа точно по кој распоред) и пак го стегаш истиот со поголема килажа... за крај, честито 120 степени достегање... тоа друже, знаеш кога ке изгори? никад. а плус витоперењата на главата и блокот ке ги компензира па дури и до 2,5 десети.. машала...

има за дискусија темава... а богами и луѓе може да си прашаат тука... набрзо (да ги најдам) ке турам клип со монтажа и штелување на вентили на глава. или ако не, ке снимам нови..

п.с. нека дадат придонес тука членовиве, али по можност од свое искуство...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Машинска обработка на Авто и Мото делови
« Одговори #5 на: 16 Март 2016, 23:49:58 pm »
Мислам дека за жал, некој од искуство да дискутира, нема на форумов више...
Го баталија...
Инаку како пто рече.
За секој тип возило се знае како се стега главата. Постои шема за кој штраф како и со колку се стега, па дали се отпушта или не, па колку пати итн итн баш како што опиша...
Јас не сум видел стегање со бакарен дихтунг, со обичен да...Обичен но со прстени...
:)
Ти постојано си со луѓево, имаш можност и да снимаш и да споделиш искуства...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Машинска обработка на Авто и Мото делови
« Одговори #6 на: 17 Март 2016, 00:08:47 am »
Кај мене комбето главата е рамнета 2 пати досега.. Блокот е еднаш.. Пред една недела пак помеша уље и вода...  Во Кичево нема вакви машини, ги носиме во Прилеп... Би требало да е ок.. Само што можи да биди проблемот со моторот незнам... Овај пат ќе го носиме кај друг (би требало појак) мајстор па ќе видиме што ќе биди...

Доста непогодени машини се овие... На 75.000 доживеа прв ремонт... На 80.000 Рамнење на декла и ставање на подебел дихтон.. На 88.000км пак рамнење на декла и блок.. И сега на 94.000 пак прави некој проблем...
« Последно менување: 17 Март 2016, 00:14:13 am Бузуки »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Одг: Машинска обработка на Авто и Мото делови
« Одговори #7 на: 17 Март 2016, 00:21:05 am »
Со хилзни е ?
Баш читав јас на еден форум еве конкретно за овие мотори во фелицииве, доколку дојде во ситуација да треба да се менува дихтунг на глава, не само што треба да се обработи главата, туку треба да се провери и т.н надвишеност на хилзните. Овие мотори во фелициите биле познати со т.н водени хилзни, па доколку се пропаднати надоле, потребно е да се стават бакарни потполошки и да се кренат минимално над блокот.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Машинска обработка на Авто и Мото делови
« Одговори #8 на: 17 Март 2016, 00:41:10 am »
Одлична тема онак :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Машинска обработка на Авто и Мото делови
« Одговори #9 на: 17 Март 2016, 01:26:26 am »
Со хилзни е ?
Баш читав јас на еден форум еве конкретно за овие мотори во фелицииве, доколку дојде во ситуација да треба да се менува дихтунг на глава, не само што треба да се обработи главата, туку треба да се провери и т.н надвишеност на хилзните. Овие мотори во фелициите биле познати со т.н водени хилзни, па доколку се пропаднати надоле, потребно е да се стават бакарни потполошки и да се кренат минимално над блокот.

подлошка... потполошка е тип на кокошка или некоја таква птичурина... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Одг: Машинска обработка на Авто и Мото делови
« Одговори #10 на: 17 Март 2016, 01:32:33 am »
Лапсус.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Машинска обработка на Авто и Мото делови
« Одговори #11 на: 17 Март 2016, 02:00:40 am »
Другар мој има комплет оваква работилница во Кавадарци со сите машини од рамнење на глави до испитување под притисок во вода,и комплетен ремонт на самата глава ... Стварно браво за Онак што му текнало да стави по некој клип од самиот процес  на обработка ......

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4969
Одг:
« Одговори #12 на: 17 Март 2016, 09:36:05 am »
Nemora da znaci dightung vo nadmera deka ke odi ako ima obrabotka. Sekoj saglam majstor a kaj nas tie se svedeni na minimum, znae deka vo literatura si ima brojki od tipot na visina na glava, visina na blok, nadvisuvanje na hilzna.... Bukvalno sekoja kota i si ima granici i sto koga ke se upotrebi. Za zal kaj nas ovie raboti gi rabotat ko nekoi gradeznici da se... Begalo 1cm nema gajle.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13837
Одг: Машинска обработка на Авто и Мото делови
« Одговори #13 на: 17 Март 2016, 15:32:06 pm »
Убава тема. Само не ми штимаaт клиповите без турбо фолкче во позадина.
хахаха

Се зезам

Убаво видеа, немав до сега видено како точно ги прават.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3601
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Машинска обработка на Авто и Мото делови
« Одговори #14 на: 17 Март 2016, 15:56:21 pm »
cel den baram vakva radionica. Onak, moze li kontakt od covekot? Konkretno kaj mene treba da se ramni glava, blok i promena na hilzni. Kade moze da se kupat kvalitetni hilzni?

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html