Автор Тема: Чување вон сезонски гуми по дома - Упаства  (Прочитано 5608 пати)

Отсутен zlatkor

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Здраво дечки,

Пошто дојде моментот да ги ставиме зимскиот сет гуми на пауза до наредна зима би сакал да прашам од поискусните а темата да послужи како совети за правилно складирање на вон сезонските гуми.

Како што налетав на интернет од една слика има фино упаство од тоа како правилно се чуваат гуми со или без бандаж на нив:


Е сеа арно со сликава си е објаснето али мене ми е прашањето дали треба со некое срество да се намачкаат пред да се складираат?
Имам нешто слушнато за ова али недослушнато.

Убаво би било од останатите да чуеме и да се знае за сите која е најправилна процедура.

Мене ова ми е прва година вака да правам така да незнам :)

Ако оваа тема е дупликат, или постои веќе истово упаство во некоја од општите теми слободно преместувајте.

Поздрав.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Чување вон сезонски гуми по дома - Упаства
« Одговори #1 на: 14 Март 2016, 01:10:25 am »
Побарај во општата тема за гуми.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Чување вон сезонски гуми по дома - Упаства
« Одговори #2 на: 14 Март 2016, 01:30:57 am »
правилен начин озбилно ?
тури ги во ќеси и бутни ги во гаража на 15ти октомври извади ги и стави ги на кола

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #3 на: 14 Март 2016, 07:48:25 am »
Убаво објасни nsx-r.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Чување вон сезонски гуми по дома - Упаства
« Одговори #4 на: 14 Март 2016, 07:58:46 am »
Како што налетав на интернет од една слика има фино упаство од тоа како правилно се чуваат гуми со или без бандаж на нив:

На сликата на која си налетал е баш онака како што треба да се чуваат гумите кога не се користат.
Се друго освен објаснетото не е правилно...

Инаку ти можеш да ги чуваш како сакаш. Со или без кеси, фрлени на куп, здиплени, во шкаф, буквално како сакаш, твои си се :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zlatkor

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Чување вон сезонски гуми по дома - Упаства
« Одговори #5 на: 14 Март 2016, 09:58:56 am »
Малце отиде на заеванција темава.

Знам дека можам како сакам да ги чувам али друг ми беше муабетот.

Ова го прашав понесен од фактот што постојат фирми во ск кои имаш опција да си ги однесеш гумите на чување со тоа што тие ги премачкуваат со некое срество кое ваљда помага за некое си одржување на форма на гумата или што ти ја знам па затоа реков може има некој тука што пази на овие работи освен што ги фрла во гаража како ќе му дојде

Ајт поздрав

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг:
« Одговори #6 на: 14 Март 2016, 10:30:50 am »
Која е таа фирма што ги премачкува ??? Јас имам искуство и со Стоп&Го и со Мотоцентар, и ни на едното ни на другото не ги премачкувале гумите...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Чување вон сезонски гуми по дома - Упаства
« Одговори #7 на: 14 Март 2016, 10:34:09 am »
Јавна тајна е дека местата што ги складираат гумите, ги складираат како ќе им дојде. Мачкањето е со некое средство за зацрнување на гуми, за "нега" демек. Маркетиншки трикови.

Ако имаш безбедно (!) место каде да ги складираш гумите, прескокни ги центрите за складирање. Притоа можеш да ги складираш како сакаш ти, и да ги премачкаш со средство за кое би добил препорака во темата Зацрнување гуми.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Чување вон сезонски гуми по дома - Упаства
« Одговори #8 на: 14 Март 2016, 11:37:54 am »
Малце отиде на заеванција темава.

Знам дека можам како сакам да ги чувам али друг ми беше муабетот.

Ова го прашав понесен од фактот што постојат фирми во ск кои имаш опција да си ги однесеш гумите на чување со тоа што тие ги премачкуваат со некое срество кое ваљда помага за некое си одржување на форма на гумата или што ти ја знам па затоа реков може има некој тука што пази на овие работи освен што ги фрла во гаража како ќе му дојде

Ајт поздрав


Тоа со средствата е заебанција..стај си ги ко што ќе ги извадиш и тоа е тоа (бар ја тоа праам секоја сезона и не се десило да се поремети нешто)...и дај претстави ја тоа машината овде :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Одг: Чување вон сезонски гуми по дома - Упаства
« Одговори #9 на: 14 Март 2016, 11:47:55 am »
Јавна тајна е дека местата што ги складираат гумите, ги складираат како ќе им дојде. Мачкањето е со некое средство за зацрнување на гуми, за "нега" демек. Маркетиншки трикови.

Ако имаш безбедно (!) место каде да ги складираш гумите, прескокни ги центрите за складирање. Притоа можеш да ги складираш како сакаш ти, и да ги премачкаш со средство за кое би добил препорака во темата Зацрнување гуми.
"Демек" е зборот кој го баравме во темава.
http://www.makedonski.info/show/%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BA/%D0%BC%D0%BE%D0%B4
Демек ги мачкаат, за демек да се заштитат (гумите?), за демек да ги чуваат.

Ако се лажеме фин е муабетот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Чување вон сезонски гуми по дома - Упаства
« Одговори #10 на: 14 Март 2016, 13:08:38 pm »
Дигање hype окулу безверни теми е работава.
Никакви слики ни илустрации се потребни. Јасна е проблематиката. Ако гумите се на бандаж и напумпани како сакаш можеш да ги чуваш, само на суво и да не бидат на сонце.
Ако не се на бандаж како сакаш намести ги само да не трпат товар, односно да не ставиш стара машина за перење врз нив.

Ако имаш некое старо радивце, може музика да им пуштиш преку зима. Слушам омекнувале од класика.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Чување вон сезонски гуми по дома - Упаства
« Одговори #12 на: 14 Март 2016, 17:32:56 pm »
Јас моите си ги чувам во спална. На сигурно.  ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zlatkor

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Чување вон сезонски гуми по дома - Упаства
« Одговори #13 на: 14 Март 2016, 19:30:50 pm »
Која е таа фирма што ги премачкува ??? Јас имам искуство и со Стоп&Го и со Мотоцентар, и ни на едното ни на другото не ги премачкувале гумите...
ќе го прашам другарчето и ќе ти кажам. Тој од Гостивар до Скопје ги носи, 2 пати годишно нели за мењавање  од зимски во летни и обратно.
Јавна тајна е дека местата што ги складираат гумите, ги складираат како ќе им дојде. Мачкањето е со некое средство за зацрнување на гуми, за "нега" демек. Маркетиншки трикови.

Ако имаш безбедно (!) место каде да ги складираш гумите, прескокни ги центрите за складирање. Притоа можеш да ги складираш како сакаш ти, и да ги премачкаш со средство за кое би добил препорака во темата Зацрнување гуми.

Ја не сум ги складирал во такви складишта за да знам како е. Иначе за срество за премачкување не се работи за тоа за зацрнување туку као за конзервирање некое мрсно срество било, точна фирма на произвоство за пример незнам да кажам.

Тоа со средствата е заебанција..стај си ги ко што ќе ги извадиш и тоа е тоа (бар ја тоа праам секоја сезона и не се десило да се поремети нешто)...и дај претстави ја тоа машината овде :)

Ќе ја преставам али за некоја недела :D Чекам уште некои работи да ми стигнат па да биде во топ форма. Само што и зедов 17ка фелна а и имам едно DSLR-че па ќе му направиме мала аматерска фотосесија, за да биде преставено во најдобро светло.

Дигање hype окулу безверни теми е работава.
Ако имаш некое старо радивце, може музика да им пуштиш преку зима. Слушам омекнувале од класика.

Абе дали е безвеза незнам пошто како што кажав нов сум во целава работа па сакав да се информирам.
Иначе имам едно старо на касети, ќе снимам некоја класика деновиве ;)

Само вака за гуми......

http://blog.toyota.co.uk/winter-tyres-check-in-at-the-toyota-tyre-hotel

Би ги турил во канцеларија али малце тесна ми е канцеларијата, ќе ми сметаат :D

Јас моите си ги чувам во спална. На сигурно.  ;D

Да ти кажам право друже, најпаметно си направил :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Чување вон сезонски гуми по дома - Упаства
« Одговори #14 на: 14 Март 2016, 20:32:58 pm »
Јас моите си ги чувам во спална. На сигурно.  ;D

пази да не ги прегреш... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време