Автор Тема: Што после крпење?  (Прочитано 8788 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Што после крпење?
« на: 12 Март 2016, 01:46:15 am »
Крпење во смисла на заварување
Го прокрпив голфацот (колку да не ги воденам чорапите во вировине), е сега на местата каде што е швајцовано, како да го заштитам, пошо нели тука цинкот е изгорен и нема заштита. Сега е поминато само со фосфатна киселина, позната како антирост. Секкао предхоно е поминато со челична четка. Останува прашањето со што да го поминам варот. Варот е на места кои што не се гледаат, значи естетиката оди во втор план. Првична идеа ми беше Цинк, производ на боди, но не можев да најдам, а продавачите, како замена ми понудија 999, ауто сеал, битумен(930) и 634 прајмер (патриоти... ). Овие производи можеа да се најдат како најквалитетни. Исто така што предлагате на места каде што се затворени од едната страна, односно може да се пристапи само со пишто, и така некако да се нашлака некое средство, значи челична четка не иди во предвид, поради недостапност. Тука се мислам да ги наполнам со ѕифт(помешан со бензин) и така да ги оставам. Сепак ќе ми влијае и искуството на другите членови.
Фала

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Што после крпење?
« Одговори #1 на: 12 Март 2016, 14:33:03 pm »
Повеќето земаат 999. Мислам 960 е за алуминиум, нерѓосувачки челик...

Распрашај се за 989 имам слушано позитивни муабети и за тоа.

Едит: Побарав на нет http://www.hromak.com.mk/Kontakt.html

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Што после крпење?
« Одговори #2 на: 13 Март 2016, 13:28:49 pm »
епоксиден прајмер од макс маер,малце поскап од ова срањево боди,али кога веќе го правиш направи го

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Што после крпење?
« Одговори #3 на: 13 Март 2016, 14:45:57 pm »
Јас си купив acrylic primer во спрејче, би требало да го бива за основа  :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Што после крпење?
« Одговори #4 на: 13 Март 2016, 19:00:05 pm »
prajmer na krpeno mislam deka tesko ke di.. odma paga... sepak od kaj go nabavi ta maxmeyer ?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Што после крпење?
« Одговори #5 на: 13 Март 2016, 19:20:15 pm »
Епоксиден прајмер. Баш е за тоа мислам.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Што после крпење?
« Одговори #6 на: 16 Март 2016, 01:10:07 am »
До @nsx-r:
Каде може да се најде макс маер, дали мислиш на овај продукт :
„http://www.maxmeyerplus.co.uk/product_details?product_category_id=42&id=35“
Бидејќи вели за боди дека се shit, си имал ли искуство или... ?
Колку што разбрав од веб-страната, нема опис дали е епоксиден или не ???
Ви благодарам на сите.

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Што после крпење?
« Одговори #7 на: 16 Март 2016, 01:56:03 am »
избегни ги боди, 930 го премачкав цел патос на фичото, се лупи само од себе а башка тоа ке ти смрди 2 години внатре колата.
999 исто ми се лупи.

разгледај ја темата на дарк за голфот, има употребено доста добри материјали

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Што после крпење?
« Одговори #8 на: 16 Март 2016, 02:54:04 am »
каде да ја барам темата... ?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Што после крпење?
« Одговори #9 на: 16 Март 2016, 02:57:43 am »
инаку приметив за 930 дека се лупи сама од себе... предходно беше измачкан со ѕифт (најобичен) разреден со бензин, колку да биде хиберниран, после 4-5 години го најдов какошто го премачкав, 'рѓата не беше воопшто проширена, па се мислам да го наполнам по праговите со ваква смеса... лошото е што кога ќе се изуши ѕифтот ги губи заштитните својства.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Што после крпење?
« Одговори #10 на: 16 Март 2016, 05:35:28 am »
btw znae nekoj kade e crc ?

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: Што после крпење?
« Одговори #11 на: 23 Март 2016, 20:28:54 pm »
избегни ги боди, 930 го премачкав цел патос на фичото, се лупи само од себе а башка тоа ке ти смрди 2 години внатре колата.
999 исто ми се лупи.

разгледај ја темата на дарк за голфот, има употребено доста добри материјали

Како може мене боди 999   после 12 години да не се лупи, да неможам со  брусалица да го извадам, се е до техниката на нанесување... а пак за боди 930 е за во канта... испробано е и  не чини.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Што после крпење?
« Одговори #12 на: 24 Март 2016, 14:32:04 pm »
za 930-kata bese uabetot ddeka se lupi... shto e tehnikata?

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: Што после крпење?
« Одговори #13 на: 24 Март 2016, 16:10:51 pm »
1. Да ти биде убаво чист лимот.
2. Фарбање со основа(епоксиден прајмер), најубаво 2 раце.
3. Нанесување на 999, најубаво е со поширока четка, значи секаде да ти биде исто, да не биде ептен дебело(пука), да не биде многу тенко(после извесно време се лупи), можеш и со компресор да го шприцаш си има посебен пиштол за кобитирање, само ќе треба најмалце 2-3 пати да го поминеш...
Зборам за боди 999 кај мене е веќе 9 години и не е ни испукано и многу тешко се вади, а еве и слика да го видиш лимот каков е под 999 после 9 години, со брусалка пола саат го вадев...


Е сеа твое си е што ќе си користиш, имаш и од Еталон кобит што е исто така појак, само незнам која му е цената...

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Што после крпење?
« Одговори #14 на: 26 Март 2016, 14:26:26 pm »
prvo primer pa 999 ?
Fala