Крпење во смисла на заварување
Го прокрпив голфацот (колку да не ги воденам чорапите во вировине), е сега на местата каде што е швајцовано, како да го заштитам, пошо нели тука цинкот е изгорен и нема заштита. Сега е поминато само со фосфатна киселина, позната како антирост. Секкао предхоно е поминато со челична четка. Останува прашањето со што да го поминам варот. Варот е на места кои што не се гледаат, значи естетиката оди во втор план. Првична идеа ми беше Цинк, производ на боди, но не можев да најдам, а продавачите, како замена ми понудија 999, ауто сеал, битумен(930) и 634 прајмер (патриоти... ). Овие производи можеа да се најдат како најквалитетни. Исто така што предлагате на места каде што се затворени од едната страна, односно може да се пристапи само со пишто, и така некако да се нашлака некое средство, значи челична четка не иди во предвид, поради недостапност. Тука се мислам да ги наполнам со ѕифт(помешан со бензин) и така да ги оставам. Сепак ќе ми влијае и искуството на другите членови.
Фала