Тешки глупости се постираа на темава.
1. Треба да имаш гребен (преклопникот) за да можеш да ги свичаш влезовите...
-Едно појачало за да свири, покрај тоа што има излез за звучници, треба да има и влез, односно извор на звук. Тјунер, ЦД плеер, грамафон, касетен дек, ДАТ, итн итн итн. Влезовите треба да ги менуваш, нели. Не се проблем само звучките!
2. Треба да имаш гребен (преклопник) за да ги свичаш појачалата.
-Дали звукот ке биде од првото, односно од второто појачало.
3. Треба влезовите да бидат направени со конектори, баш исто онака како што се на појачалата, тие треба да се ширмувани и изолирани од надворешни влијанија. Гребенот (преклопникот) треба да биде баш таков!
4. Излезот не треба да биде ширмуван, но гребенот (преклопникот) треба да биде квалитетен.
- Фабрички аудио селектор незнам дали ке успееш да најдеш, веројатно нема логика, но потруди се да побараш по интернетов. Бидејќи бараш фабрички.
- Истиот може да се изработи и би требало да чини некаде околу 100-тина евра. Како минимум за да заличи на нешто.
Зошто толку скапо?
Па не е воопшто скапо. Прво квалитетни гребени (преклопници) за свичање на сигнали чинат од 70-80 евра па нагоре.
Треба гребен (преклопник) за свичање на звучниците, ајде и тој нека биде некој просечно добар ака 20 евра.
Добри пинови околу 15 до 25 евра. Треба 3 пара - Едни за влез од екстерните уреди во кутијата кон преклопникот (CD, TAPE1, TAPE2, AUX, Tuner, DVD, и два комада лев и десен кон појачалата.
Кутија 20 евра.
Конектори за звучници околу 20 до 25 евра три пара. Едни за излез кон звучниците и два за влез од едното и другото појачало.
Кабли, ногарки, штрафчиња, работна рака околу 30 до 50 евра.
Вкупна цена за солидно направена кутија каква што бараш околу 200 евра.
Просечно направена со бофал материјал и дополнителен шум околу 100 евра.
Најефтина варијанта да си одбереш на кое појачало ке слушаш музика и да го шитнеш другото за 30 евра и да си истераш еден ручек со девојчето.
Фала на одговорот.