Момци и девојќи немав време да го претставам и Најновото видено и од сите досега најголемото тешко ѓубре на нашиот пазар.
Citroen Berlingo alias Terorist(ќе објаснам зашто)
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1993719Од ова не верувам некогаш да видам нешто полошо,барем не очекувам.Со еден збор колава е дрисла а сопственикот тежок мајмун(во прилеп имаше добри луѓе,никогаш не сфатив од каде е тоа мајмуни,ама ете овој е изгледа стварно тоа)
Се јавив на 8 Април Петок кај човеков и му велам како е колата.Како што е пишано во огласот така и почна да ми ја фали.
Му велам има ли удари и дали дува моторот?
Следи одговор. Удари немала никогаш,а моторот ниту дува ниту троши уље.Пари му требало за ќерката матура ќе имала
Хмм ,велам сигурно да не тепам пат до таму за џабе бидејќи ценава ти е сомнителна многу.
Не не нема вели,сигурно ништо..
Сабота на 9 се спремам откако вечерта се јавив на еден пријател од Прилеп да го прашам за да се осигурам дека нема да одам џабе.
Незнаеше пријателов,но вели ќе прашам утре сабајле
Ми се јавува дента околу 12 и ми вели Петар воопшто немал ќерка која ќе правела матура.Добро.
Една лага која и не е толку страшна
Пристигнувам таму и што да видам.Количево сирото нема каде нема удрено.Чукана од секаде и километража од 70000 на која слободно може да и се додаде уште една нула.
Тоа беше реалната состојба на колата.
Искривена задница,Менувач не убацува(вели такви се овие друже,човекот и ново кога било такво му го дале)
Моторот е тоа е приказна за себе
Пука мислиш Али Амети со пушката.Терористи околу тебе.Какво неверојатно искуство

Првпат слушам мотор да пука така.Како чопер.
Не го ни прашувам,а тој самиот почнува да брбља.
Ми вели филтерот за воздух,требало да се смени и некоја пластика.ама мајсторот му се разболел и не го фатиле

Ситно било тоа,дури и он ќе ги сменел.

бог да чува што нема по светот
На крајот вели! Го Цитирам "а ти си за замена или за пари,По што јас повеќе за трампа сум"
Ме фати една смеа и му велам ти си човеку легенда
Си се вратив назад изнервиран од тоа колку тупи луѓе може да има кај нас во Македонијава