Ја креирам темава како резултат на скапаниците,и револтот за изгубеното време за некои коли кои ги видов на огласи во изминативе 20 дена,барајќи кола за пријателот.Прегледани беа 24 автомобили во потрага по убава кола.
Се надевам дека на администароти нема да им смета темава,а ако смета слободно нека ја избришат,или ако се во недоумица нека ја остават на неколку дена за да го видиме одзивот
Да продолжам!Наидовме на се и сешто,а многу често и
-на коли со дефектни кочници,кои воопшто и не функционираат
-мотори кои што чадат како цементара
-фарбани автомобили
-склопувани од 3 автомобили 1
За сите нив ни беше кажано дека се во салонска т.е уникатна состојба,но тие беа веќе со половина нога во отпад.
Крајно време е ѓубрето да престане да се продава или да се каже проблемот,бидејќи верувам дека продавачите ќе бидат претпазливи и ќе воведат малку ред во тоа што го увезуваат
бидејќи не видов нешто слично за тоа каде би можеле да ги сместиме оние коли кои што едно ни е кажано по телефон,а по видувањето било 360 C спротивно ја отварам темава и во иднина предлагам тука да ги постираме колите кои ги имаме видено и разочарано.
П.С имам многу кои се за во темава но ќе се задржам на најкатастрофалните и на оние каде продавачите се откриени во нивната подвала.
Вчера виден свежо
1.Голф 4 1.9-99
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/2330366-VW-GOLF-IV-1-9-tdi-110-ks-KLIMATRONIK--99Продавачот тврди дека голфот е прва фарба и ентерирето дека е многу сочуван.Лаже.
Голфот e фарбан и да е работата за смеа многу лошо исфарбан,а за кит којзнае колку.
Седишта издропани и крцање на кваки во ентериерот на сите можни 4
Мотор треба да се испита.Не се однесува баш како што треба...
Тоа е се на кратко за голфот