Епа денес се возеше ETCC на Nordschleife и за жал немаше пренос на TV.
Иџе одличен на квалификациите, 4-то место.
На стартот на првата трка го задржи 4-тото место, според live timing-от кој го следевме доста му се доближи на третиот (Norbert Nagy), во 2-та сектори беше побрз и одеднаш ги снема од live timing. Знаевме дека имало контакт помеѓу нив двајца но никаква информација немаше (и сеуште нема). Втората трка не ја возеше.
Најново прочитав дека причината е дефект на воланот кај Иџе, но ништо официјално и поконкретно. Се надевам во следните трки и следната сезона конечно ќе се надминат малериве и ќе гледаме резултати какви што сме навикнати да гледаме.